Препорачуваме

Boshkoska, Meri (2018) Препорачуваме. Еквилибриум (27). p. 20. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

„Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови“
Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња што самиот го заработил своето богатство.
Но вистинската приказна е нешто посуптилна. Се работи за трансформацијата на Закерберг од програмер-самотник без социјални вештини, во еден успешен менаџер и инспиративен лидер. Како Закерберг ја употреби сопствената хакерска филозофија, опишана со слогани како „Движи се брзо и скрши нешто“ за да создаде неверојатно успешен бизнис?
Покривајќи сè, од почетокот на неговите рани денови на Харвард, па сè до станувањето на јавна компанија и понатаму, момчето милијардер е една детална колекција од закерберговите мисли, изјави и предвидувања за иднината, исто како и туѓи увидувања за Закерберг и феноменот Фејсбук. Извадени од интервјуа, говори, допишувања и написи на Фејсбук, овие обелоденувачки изјави ја покажуваат конкретната генијалност на „момчето под качулката“.
Социјална мрежа (2010)
„Социјална мрежа“ (The Social Network) е биографска драма во режија на David Fincher. Сценариото од Aaron Sorkin, по којшто овој филм е снимен, се базира на книгата The Accidental Billionaires: The Founding of Facebook од авторот Ben Mezrih од 2009 година. Филмот го прикажува основањето и подемот на социјалната мрежа Facebook - најреволуционерниот општествен феномен на новиот век.
Една есенска вечер во 2003 година, Марк Закерберг студент на Харвард и генијален компјутерски програмер седнува на својот компјутер и започнува да работи на својата идеја. Набрзо, тоа што го почна во неговата студентска соба се претвора во глобална друштвена мрежа и претставува вистинска револуција во комуникацијата. После шест години, со повеќе од 500 милиони нови пријатели, Марк Закерберг е најмладиот милјардер во историјата... Но, овој претприемач неговиот успех ќе го однесе во светот на приватните и законските компликации...

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Feb 2020 18:10
Last Modified: 29 Feb 2020 18:10
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3666

Actions (login required)

View Item View Item