Boshkoska, Meri (2018) Препорачуваме. Еквилибриум (26). pp. 24-25. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Не е важно колку си добар... е кон¬ци¬зен водач како да го изградите по¬големиот дел од себеси - џебна „Биб¬лија“ за талентираните и срବ¬меж¬ливите да го направат не¬зବмис-ливото замисливо и не¬воз¬мож¬но¬то можно.
Без оглед на тоа дали сте штотуку дипломирани, самовработени или генерални директори, оваа книга е од непроценлива вредност за секој што се стреми да успее. Исто како што Уметноста на војувањето од Сун Цу повеќе се чита како лекција по бизнис стратегија отколку како лекција по војување во војничката смисла на зборот, или како што Принц на Макијавели, иако е напишан за владеењето, се користи како водич за менаџментот, така и оваа книга го користи креативниот процес на добро рекламирање како метафора за деловната практика.
Филмот “Основач” е биографска драма во којшто е претставена приказната за креирање на синџирот продавници за брза храна на МекДоналдс. Во главната улога е Мајкл Китон (Реј), наизглед обичен човек, но многу успешен во бизнисот и остварувањето на сопствените цели.
Во исто време и парадоксално и очекувано (како што Реј нагласува во филмот), во светот има паметни луѓе, има и образовани и телентирани. Но, најчесто успеваат оние упорните. Таков е случајот со Реј, трговски патник, кој го препознал потенцијалот на ресторанот осмислен од страна на браќата МекДоналдс и со тек на време успеал да го претвори во еден од најпознатите „брендови“ во историјата на бизнисот. За тоа биле потребни три работи: упорност, упорност и упорност. Секако, неопходно е и искуството, поразите од коишто се извлекуваат поуки, како и ставот дека неуспехот претставува можност за нов бизнис.
Приказната започнува со трговскиот патник Реј Крок кој се обидува да продаде нов мулти миксер за подготовка на милкшејк. Иако, во текот на неговата кариера тој бил прилично успешен продавајќи различни производи, со што си обезбедил и пристоен живот, овој миксер му задава многу проблеми. Посетувајќи ги сите можни ресторани за брза храна ги запознава недостатоците на Drive-in рестораните, чекајќи по еден саат за својата нарачка што често била погрешна. Но, неуспехот да најде купувачи за мулти миксерот не го демотивира, напротив претставува поттик да продолжи со остварување на својата цел.
Еден ден добива нарачка за шест миксери од страна на мал ресторан од Сан Бернандин, Калифорнија. Повеќе од заинтригиран, седнува во својот автомобилот и вози преку целата земја до Калифорнија за да ги види сопствениците кои ја направиле нарачката. Кога стигнува пред ресторанот фасциниран е од начинот и брзината на услугата на овој ресторан. Тоа била љубов на прв поглед што морал да ја има по секоја цена. Љубовта што ќе го поведи Реј во авантурата на неговиот живот е насочена кон создавањето на историјата на еден од најуспешните ресторани за брза храна во светот, МекДоналдс.
Не би зборувала повеќе за филмот, бидејќи тоа е приказна која треба да ја погледнете. Зошто? Едноставно, тоа е една од многуте вистински приказни за остварување на т.н. Американски сон, приказни врз основа на коишто Америка го доживеа својот економски раст. Ваквите приказни се овековечани преку фабриката на соништата, Холивуд, како и во многу книги, ТВ, реклами и слично. Всушност, тоа е она што американските граѓани ги водеше напред кон успехот. Успехот на другите луѓе ги поттикнуваат граѓаните да бидат подобри во тоа што го работат, да не се откажуваат кога губат затоа што имаат вистински доказ дека можат да го остварат својот сон.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 29 Feb 2020 17:50 |
Last Modified: | 29 Feb 2020 17:50 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3654 |
Actions (login required)
View Item |