Dajovska, Ana (2018) Европската недела на стартапи. Еквилибриум (26). pp. 5-6. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Промовирањето на претприемништвото кај младите луѓе е клучен аспект за успех на секоја економија вклучително и Република Македонија. Во тој контекст, на 6 март, 2018 година во просториите на Економски факултет-Прилеп се одржа Европската недела на стартапи (Startup Europe Week). Тоа претставува најголемиот настан за стартапи во Европа, а третото издание се одвиваше во периодот од 5 до 9 март, 2018 година. ГЕТ Иновација Битола беше официјален коорганизатор на настанот за Битола и Прилеп преку организирање на настани поврзани со стартапи и претприемништво во овие градови. Европската недела на стартапи има за цел да ја претстави поддршката достапна за претприемачите на општинско и регионално ниво. Имено, регионалната разновидност и креирањето на локалните политики играат голема улога во обликувањето на европските стартапи, особено со помагање на претприемачите да креираат своја компанија, да обезбедуваат грантови и сл. Заради оваа причина, земањето на локална перспектива е од клучно значење за поддршка на претприемачите во Европа. Исто така, иницијативата е промовирана и од Европската комисија.
Во 2017 година, Европската недела на стартапи имаше над 280 коорганизатори кои реализираа стотици настани во над 40 земји. Во рамки на настаните беа опфатени 100 000 претприемачи ширум Европа, и како изворно движење постигна над 18 милиони корисници и реакции на социјалните медиуми. Оваа година, беа планирани над 300 настани, при што се вклучени над 50 земји дури и надвор од границите на Европа како што се: Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка.
Студентите на Економски факултет-Прилеп имаа можност да научат повеќе за можностите за започнување на сопствен бизнис и да слушнат успешни бизнис приказни од гостите на настанот. Настанот започна со кратка презентација за тоа што претставува Европската недела на стартапи од страна на Ана Дајовска, претседател на ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола и локален коорганизатор за овој настан во Прилеп. Во продолжение беа претставени Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award) и успешната бизнис приказна на Filthy Kids Production.
Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми. Нашата мисија со наградата е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера. Filthy Kids Production е видео продукциска компанија чија цел е креирање на комплетна визуелна содржина за бизнис, комерцијални цели и забава. Покрај презентациите, студентите имаа можност да се запознаат со новоиздадената книга на ГЕТ ИНОВАЦИЈА, „Дизајнирано размислување во вашата компанија-случајот на Македонија“ и првата мобилна апликација за бизнис во Пелагонискиот регион, ГЕТКомИнфо.
Покрај настанот на Економски факултет-Прилеп, на 7 март 2018 година во просториите на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола се одржа Европската недела на стартапи во Битола. Преставници од компании и невладин сектор кои волонтерски се приклучија на овој настан одржаа Брзи бизнис состаноци со учениците. Неверојатната енергија која овие ентузијасти од бизнис и НВО секторот ја донесоа на настанот ги охрабрија учениците да започнат да размислуваат за нивните иновативни идеи и можноста да изградат сопствен бизнис. Во вториот дел од настанот следеше Catchbox дебатата на која се разговараше за успешната бизнис приказна на Нова Солушнс и за активноситите на ИМКА Битола. ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола искажува неизмерна благодарност до сите бизниси и организации кои се придружија на настанот, а сепак најзаслужни се нашите волонтери, дел од програмата „Креирај се себеси“. Меѓу компаниите и организации кои учествуваа на овој настан се: Nova Solutions, Taskforce BPO, Co-Lab PC, Vision Bitola - Визија Битола, Едукативен центар - Be Smart Plus, DR. TEMT SKIN CARE Makedonija, 61., Лаб Принт / Lab Print, Students For Liberty - Macedonia, Адвокатска канцеларија Томевски, ЈП Комуналец Битола, YMCA Bitola, Filthy Kids Production, Datio Biro Bitola, Innova Lab Bitola, Lab Pro Dental-VRCAL.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 29 Feb 2020 17:49 |
Last Modified: | 29 Feb 2020 17:49 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3646 |
Actions (login required)
View Item |