Влијателни економисти - Леонид Хурвиц

Markusoski, Ljupce (2017) Влијателни економисти - Леонид Хурвиц. Еквилибриум (23). pp. 19-21. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Леонид Хурвиц е полско-американски економист и математичар, пионер во примената на теоријата на игри во економијата, почесен професор по економија на Универзитетот во Минесота, како и добитник на Нобеловата награда за економија во 2007 година. Тој е роден на 21 Август 1917 година во Москва, Русија, шест недели пред Октомвриската револуција, во семејство на полски Евреи. Набргу по раѓањето, Леонид со семејството се враќаат во Варшава, Полска. Хурвиц, дипломирал на Варшавскиот универзитет во 1938 година по што се преселил во Лондон, а потоа во Швајцарија, па во Португалија и конечно во 1940 година емигрирал во САД. Во 1938 година тој се стекнува со адвокатска диплома од Универзитетот во Варшава, по што дефинитивно се насочил кон својата идна професија на економист. Хурвиц извесно време студирал и на Лондонската школа за економија заедно со Николас Калдор и Фридрих Хајек. Во 1939 година се преселил во Женева, Швајцарија каде што студирал на Институтот за меѓународни студии. Откако се преселил во САД ги продолжил своите студии на Универзитетот Харвард и Универзитетот во Чикаго. И покрај долгогодишните студии, Хурвиц не се стекнал со диплома по економија, а во тој контекст во една прилика изјавил „сé што знам за економијата го научив од слушање и учење“. Во 1941 година Хурвиц бил истражувачки асистент на Пол Семјуелсон на Институтот за технологија во Масачусетс и на Оскар Ланге на Универзитетот во Чикаго.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 19:31
Last Modified: 28 Feb 2020 19:31
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3622

Actions (login required)

View Item View Item