Nikoloski, Dimitar (2017) Инфо ден за програмата Еразмус+. Еквилибриум (23). pp. 5-6. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
На 28 март 2017 година во просториите на Економски факултет-Прилеп беше организиран промотивен ден за програмата Еразмус+. На овој настан како презентери учествуваа продеканот за меѓународна соработка на Економски факултет-Прилеп, проф. д-р Димитар Николоски, проректорот за студентски прашања при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Виолета Маневска и раководителот на канцеларијата за меѓународна соработка на Универзитетот, г-ѓа Калиопа Стилиновиќ-Кривашија.
Во воведниот дел, проф. д-р Димитар Николоски го истакна значењето на информативниот ден за запознавање на студентите и наставничкиот кадар на Факултетот со можностите за мобилност преку програмата Еразмус+. Потоа, проректорот проф. д-р Виолета Маневска накратко ги запозна присутните со содржините на програмата и техничките аспекти на процесот на аплицирање. Во тој контекст беше истакнато дека студентите аплицираат за мобилност од еден или најмногу два семестри, додека наставничкиот кадар може да аплицира за еднонеделна наставна мобилност, за кој период наставникот е обрзан да одржи 8 часови настава. Презентацијата наиде на голем интерес кај студентите, што можеше да се потврди од дискусијата што следуваше и големиот број поставени прашања.
Во тој контекст, беше потенцирано дека студентите и наставничкиот кадар на Економски факултет-Прилеп врз основа на склучените билатерални Еразмус+ договори можат да реализираат мобилност на следниве универзитети: Фоџа, Ница, Бамберг, Ополе, Вулверхемптон, Сплит, Дубровник, Целје, Клуј-Напока, Стара Загора, Јанина, Текирдаг, Едрене. Студентите претходно аплицираат на прелиминарен повик за изразување на интерес каде што го наведуваат избраниот универзитет по што се прави конечната селекција и натамошната номинација за мобилност. И оваа година интересот кај студените и наставничкиот кадар во Факултетот за реализирање мобилност на некој од европските универзитети е особено голем. За тоа во голема мера придонесуваат позитивните искуства кои се споделуваат од страна на студентите и наставниците што претходно реализирале ваква мобилност.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 28 Feb 2020 19:30 |
Last Modified: | 28 Feb 2020 19:30 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3615 |
Actions (login required)
View Item |