Предавање на професор Пол С. Коку

Nikoloski, Dimitar (2017) Предавање на професор Пол С. Коку. Еквилибриум (22). p. 9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 12 декември, 2016 година на Економскиот факултет - Прилеп во соработка со Американската амбасада во Република Македонија беше организирано предавање на тема „Улогата на бизнис едукацијата за наредната генерација лидери“. Предавач беше проф. д-р Пол С. Коку од Флорида Атлантик Универзитетот во САД и стипендист на програмата Фулбрајт. На предавањето присуствуваа голем број професори и студенти од сите студиски години на Економскиот факултет-Прилеп.
Предавањето започна со интересен осврт на тоа што претставува бизнисот, а што се подразбира под едукација. Според проф. Коку, бизнис едукацијата е наменета да им даде на студентите опсежна интелектуална основа што ќе им овозможи да ги проучуваат бизнис активностите и функционалните подрачја во бизнисот, како и меѓусебната поврзаност на тие функционални подрачја. Во продолжение, проф. Коку се задржа на основните вештини што студентите ги добиваат преку бизнис едукацијата а тоа се: Менаџерски вештини, комуникациски вештини, лидерски вештини и аналитички вештини.
Во рамките на менаџерските вештини можат да се разликуваат: концептуални вештини, човечки вештини и технички вештини кои се различно распоредени во зависност од тоа дали станува збор за топ менаџмент, среден менаџмент или пак, менаџмент на најниско ниво. Во групата на комуникациски вештини спаѓаат: способност за слушање, невербална комуникација, јасност и прецизност во изразувањето, пријателство, доверба, емпатија, отвореност и респект. Од друга страна, за лидерските вештини, според проф. Коку најважни се мотивирањето, комуницирањето и планирањето. Според него, успешен лидер треба да биде: компетентен, чесен, ориентиран кон иднината, да поседува визија, да предводи промени, да дава примери и да знае како да ги инспирира луѓето околу себе. Аналитичките вештини подразбираат поседување способности за аналитичко пристапување кон проблемите и нивно решавање. За таа цел, потребно е да се следат чекорите на аналитичко мислење: Идентификување на проблемот, проучување на информации и креирање идеи, селектирање на најдобрата идеја, градење и тестирање на идејата и вреднување на резултатите. На крајот, проф. Коку го истакна значењето од поседување т.н. „морален компас“ и поседување на себе-рефлексија која на секој менаџер би му овозможиле да ги донесе вистинските одлуки за секој проблем.
Треба да се истакне дека предавањето на проф. Коку наиде на голем интерес кај студентите и заврши со голем број прашања и дискусии во врска со бизнис едукацијата. Ова предавање е продолжување на традицијата - истакнати професори од странство да одржуваат свои предавања на Економскиот факултет-Прилеп. Се надеваме дека соработката на Факултетот со Американската амбасада ќе продолжи и во иднина и ќе резултира со голем број нови и интересни настани.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 18:32
Last Modified: 28 Feb 2020 18:32
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3607

Actions (login required)

View Item View Item