Промоција на дипломирани економисти и магистри

Trajkova-Najdovska, Natasa (2017) Промоција на дипломирани економисти и магистри. Еквилибриум (22). p. 4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Традиционално како и во изминатиот период, на 22 декември, 2016 година беше организирано свечено доделување на дипломите на Економскиот факултет-Прилеп. При тоа, беа промовирани нови 98 дипломирани економисти и 34 магистри кои што магистрирале или дипломирале во текот на изминатата календарска година. Свеченоста се одржа во холот на Факултетот, а беа присутни голем број дипломирани економисти, магистри по економски науки, нивните родители и пријатели, како и многубројни професори и соработници.
Во рамките на свечената пригода, деканот на Економскиот факултет-Прилеп, проф. д-р Ѓорѓи Манчески се обрати пред присутните истакнувајќи дека е горд на новодипломираните студенти и магистри, бидејќи развојот на една национална економија зависи од квалитетот на човечките ресурси. Тој, исто така, истакна дека вложувањата во образованието, особено високото обрзование, претставуваат суштински фактор за етаблирање на економија заснована на знаење. Во тој контекст, деканот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески во своето обраќање истакна: „Дипломата која денес ќе ја добиете е само формален чин на потврда на стекнатите знаења на овој факултет. Учењето не престанува тука и сега, тоа продолжува и ќе ве следи целиот ваш живот. Учете бидејќи знаењето дава повисока додадена вредност, повисоки професионални перформанси. Иднината е во учењето, знаењето и секако во неговото вградување во производите и услугите“.
Во оваа прилика вредно е да се истакне дека на Економскиот факултет-Прилеп до сега дипломирале над 16.000 економисти, а многу од нив магистрирале и докторирале. На тој начин, Економскиот факултет-Прилеп со својата 56-годишна традиција се вбројува во редот на најстарите високо-образовни институции во Република Македонија. Негувајќи ја традицијата, Факултетот е енергично насочен кон нови реформи нудејќи атрактивни студиски програми кои кореспондираат со економските стандарди, но пред сè, програми кои се компактибилни со барањата на работодавачите на пазарот на трудот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Feb 2020 18:32
Last Modified: 28 Feb 2020 18:32
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3603

Actions (login required)

View Item View Item