Hristoski, Ilija (2016) Недо, лични реклами ли се овa? (1). Еквилибриум (21). pp. 11-17. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Компаниите мора да направат многу повеќе освен да произведат добри производи или да понудат одлични услуги – тие, пред сѐ, мора да ги информираат конзументите за постоењето на тие производи/услуги, да ги истакнат нивните добри својства/предности, како и придобивките што потенцијалниот купувач би ги имал од нив, внимателно позиционирајќи ги во нивната свест. За да го постигнат ова, компаниите прават реклами. Во својата книга „Принципите на маркетингот“, Котлер и Армстронг рекламирањето го дефинираат како „секоја форма на платено не-персонално презентирање и промовирање идеи, производи или услуги од страна на определен спонзор“. Секоја реклама има своја специфична цел – специфична задача на комуникацијата (аудио, визуелна, или и двата вида истовремено) што е насочена кон определена целна група, во определен временски период: да информира (to inform), да убедува (to persuade), или да потсетува (to remind).
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 28 Feb 2020 12:34 |
Last Modified: | 28 Feb 2020 12:34 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3597 |
Actions (login required)
View Item |