Nikoloski, Dimitar (2016) Воведен збор. Еквилибриум (21). pp. 3-4. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Есента со својот шарен колорит неусетно го обојува нашето секојдневие и го наговестува крајот на безгрижното топло лето. Помалку забавени од летниот одмор се враќаме на вообичаениот работен ритам што со себе го носи почетокот на новата академска година. Сите ние повторно сме исправени пред голем број предизвици. Професорите и асистентите со своите предавања настојуваат да се претстават пред новите генерации студенти во што е можно подобро светло, а студентите пак, настојуваат што е можно полесно да ја совладаат материјата за претстојните колоквиуми и испити. Исполнети со обновена енергија го подготвивме и овој број на Еквилибриум за којшто искрено се надеваме дека ќе ги исполни очекувањата на нашите читатели. Во духот на воспоставената практика Еквилибриум и овојпат балансира меѓу различни содржини што прават нашето гласило да биде во исто време информативно, забавно и поучно.
Во духот на чествувањето на 1100 години од упокојувањето на партонот на нашиот Универзитет, Св. Климент овој број го донесува текстот за неговиот живот и дело. Меѓу текстовите со информативна содржина ги издвојуваме оние што се посветени на почетокот на новата академска година, посетата на печатницата „Киро Дандаро“-Битола, како и промоција на втората генерација магистри од програмата Френклин. Во рамките на стандардната рубрика Профил 13 го претставуваме ликот на нашиот професор Димко Кокароски, а во рубриката Влијателни економисти пишуваме за делото на нобеловецот Џозеф Штиглиц. Искуствата од мобилноста на кадрите и студентите на Економски факултет-Прилеп се пренесени преку текстовите за импресиите од студиските престои во Текирдак и Стара Загора. Вообичаено, универзитетската хроника нé запознава со новостите што изминатиот период се случија во рамките на нашиот универзитет, а исто така се запознаваме и со условите и капацитеите за сместување на ученичкиот и студентски дом НХ „Орде Чопела“-Прилеп. За активностите на студентската организација АИЕСЕК пишува нејзиниот нов претседател Лина Смуткоска, а освен тоа правиме навраќање кон подлистокот ЕК посветен на Економски факултет-Прилеп што во рамките на весникот „Народен глас“ се печатеше во текот на 90’ години. Меѓу содржините со забавен карактер, вредно е да се истакне текстот посветен на недоличните форми на рекламирање, како и вообичаената забавна страница.
Од името на редакцискиот одбор на Еквилибриум, на сите вработени во Економски факултет-Прилеп и на сите студенти им го честитаме почетокот на новата академска година и им посакуваме многу здравје и успеси.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 28 Feb 2020 12:33 |
Last Modified: | 28 Feb 2020 12:33 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3592 |
Actions (login required)
View Item |