Spaseska, Tatjana and Risteska, Fanka (2016) Организирани студентски посети. Еквилибриум (19). p. 14. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Економскиот факултет - Прилеп во континуитет вложува напори на интензивирање на соработката со бизнис заедницата, со цел стекнување зеднички придобивки. Овие активности се реализираат преку Центарот за перманентно професионално усовршување којшто континуирано покренува и ги поддржува иницијативите за зацврстување и продалбочување на соработката со бизнис секторот. Во тој контекст во текот на зимскиот семестар од оваа академска година беа реализирани повеќе посети, и тоа посета на Пелагониска ревизорска куќа, компанијата „Комфи Ангел“ ДОО Прилеп и Општина Прилеп.
На 9 декември 2015 година, во рамките на предметот банкарско сметководство, група студенти од нашиот факултет имаа можност да ја посетат Пелагониска ревизорска куќа која уште во 1999 година е основана како прво дисперзирано друштво за ревизија во Република Македонија. Основна цел на посетата беше студентите да се запознаат со процесот на ревизија на финансиските извештаи кој им дава сигурност на корисниците дека информациите кои ги обезбедуваат финансиските извештаи се разумни и точни. Во текот на посетата, којашто беше организирана од доц. д-р Татјана Спасеска, на студентите на практичен начин им се презентираше основниот концепт на ревизија, начелата на кои се заснова како и одвивањето на процесот на ревизијата. Имено, детално беа образложени ревизорските стандарди, основните начела на извршување на ревизијата (значајност, ревизорски ризик и докази), принципите на етичкиот кодекс за професионални сметководители, како и фазите на процесот на ревизијата почнувајќи од предревизорската работа и планирањето па сé до издавањето на ревизорскиот извештај. Сето тоа беше поткрепено со реална документација од спроведена ревизија на конретен деловен субјект.
Во рамките пак, на организирање на наставата по предметот меѓународен менаџмент, група студенти од четврта година, заедно со предметниот наставник д-р Анета Ристеска реализираа посета на компанијата „Комфи Ангел“ ДОО Прилеп. Со оглед на тоа што станува збор за компанија којашто успешно опстојува на пазарот повеќе години студентите имаа одлична можност да се запознаат со одредени практични искуства од работењето на компанијата на меѓународните пазари. Во рамките на посетата, претставници од компанијата предводени од менаџерот и косопоственик, г-ѓа Ирена Јакимовска на студентите им одржаа презентација за набавката на суровини и материјали од странство, текот на производствениот процес, лон производството, организирање на продажбата на нивните производи во земјата и странство, принципите на меѓународното преговарање и сл. При тоа, студентите имаа можност да се запознаат со професионализмот на вработените во фабриката, особено од менаџерите коишто и покрај многубројните обврски издвоија доволно време за да споделат бројни искуства со студентите.
Исто така, во насока на продолжување на досегашната соработка на Економскиот факултет - Прилеп и Единицата на локална самоуправа – Прилеп, а со цел продлабочување на практичните знаења на студентите од областа на предметот фискална ревизија, беше реализирана посета со предметниот наставник доц. д-р Фанка Ристеска на Општина Прилеп. Притоа, на студентите им беа презентирани практични знаења од областа на процесот на буџетирање, трезорското работење, процесот на оданочување и процесот на јавни набавки од страна на стручни лица вработени во Општина Прилеп. Особено значајно за студентите при посетата на Општината беше можноста да се види како практично се реализираат сите тие активности во областа на јавниот сектор и успешно да се спои теоријата со практиката.
Ваквите активности на соработка на студентите им овозможуваат да се запознаат со практичните искуства на истакнати стручњаци од различни области, а истовремено го инспирираат нивниот претприемнички потенцијал и иновативноста. Се надеваме дека ваквата практика на Факултетот ќе продолжи и понатаму, со што ќе се потврди неговата водечка улога во продуцирањето на квалитетни високообразвни кадри во сферата на економијата и бизнисот во Република Македонија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 27 Feb 2020 19:47 |
Last Modified: | 05 Mar 2020 09:35 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3532 |
Actions (login required)
View Item |