Воведен збор

Risteska,, Aneta (2016) Воведен збор. Еквилибриум (19). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Warning
There is a more recent version of this item available.
Full text not available from this repository.

Abstract

Почитувани читатели,
пред нас е уште една нова календарска година, којашто се надевам дека кај сите ќе биде исполнета со многу убави моменти, успеси и достигнувања на приватен и професионален план. Изминатата година беше значајна, како за нашето списание „Еквилибриум“ кое наврши 5 години од своето постоење, така и за Економскиот факултет - Прилеп. Имено, успешно беа реализирани претходните три броја коишто изобилуваа со богати содржини и за коишто постои сè поголем интерес кај читателската публика. Исто така, изминатава година Факултетот организираше бројни интересни случувања, но секако дека најголемо внимание заслужуваат активностите коишто се реализираа по повод одбележувањето на јубилејот 55 години од постоењето на Економскиот факултет - Прилеп. По тој повод беа одржани бројни предавања од повеќе истакнати предавачи, беше отворена изложба на стари фотографии, изложба на плакати, изложба на книги од професори од Факултетот, како и голем број други интересни активности. Настаните во врска со обележувањето на јубилејот се заокружија со одржување на централната прослава во чест на патронот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, каде беше промовирана најновата генерација дипломирани економисти и магистри по економски науки. Оваа година нашиот Универзитет слави уште еден јубилеј, а тоа се 1100 години од смртта на словенскиот учител, големиот светител и наш патрон Св. Климент Охридски. По тој повод ќе бидат организирани бројни настани и содржини за коишто ќе стане збор во следните броеви на нашето гласило.
И овој, деветнаесетти, број од „Еквилибриум“ изобилува со актуелни содржини. Голем дел од насловите се однесуваат на прилози за настани кои беа организирани по повод јубилејот на Факултетот, како на пример: гостувањето на амбасадорот на Франција во Република Македонија, предавање на експерти од Светска банка, изведба на монодрамата Delirium tremens и сл. Исто така, еден текст е посветен на бројните посети на студентите што беа организирани во текот на изминатиот семестар со цел јакнење на соработката со бизнис секторот и другите институции. Натаму, со цел размена на искуства и знаења Економскиот факултет - Прилеп склучи меморандуми за соработка со Државниот завод за статистика, како и со компанијата „Комфи Ангел“ – Прилеп, па затоа следува текст и на оваа тема. Во овој број ќе бидат споделени искуствата на наши колеги наставници и асистенти како што се: импресиите од студискиот престој во Стара Загора, објавување трудови во списанија со импакт фактор, како и караванот EURAXESS. Традиционално следува и рубриката за влијателни економисти со текст што е посветен на животот и делото на истакнатиот нобеловец Пол Самуелсон. Вообичаено, еден дел од „Еквилибриум“ посветуваме на студентите, односно ги пренесуваме новостите од Студентскиот парламент и АИЕСЕК, искуствата од стажирањето во компанијата „Кромберг и Шуберт“, како и патеписната репортажа од Светата земја.
Верувам дека содржините во овој број од „Еквилибриум“ ќе го привлечат вашето внимание и уште еднаш, од името на редакцискиот одбор Ви посакувам успешна и просперитетна година.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 19:46
Last Modified: 27 Feb 2020 19:46
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3528

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item