Студенти од нашиот Факултет во посета на АД „Витаминка“

Risteska,, Aneta (2015) Студенти од нашиот Факултет во посета на АД „Витаминка“. Еквилибриум (17). pp. 7-8. ISSN 2671-3349

Warning
There is a more recent version of this item available.
Full text not available from this repository.

Abstract

Во рамките на реализирање на наставата по предметот Глобални снабдувачки синџири, група студенти од четврта година на Економски факултет - Прилеп, заедно со предметниот професор д-р Анета Ристеска, ја посетија АД „Витаминка“ - Прилеп. Со оглед на тоа што станува збор за компанија којашто опстојува на пазарот повеќе децении и којашто има широк асортиман од околу 350 производи со врвен квалитет, студентите имаа одлична можност практично да се запознаат со дел од активностите на синџирите на снабдување на производите.
Проблематиката за синџирот на снабдување и неговото управување, денес е многу популарна во научната и стручна јавност, но исто така и во праксата. Синџирот на снабдување претставува мрежа на организации коишто се поврзани во двонасочни врски, различни процеси и активности коишто создаваат вредност во облик на производ и услуга за крајниот корисник.
Компанијата ги поседува најголемите брендови на овие простори во доменот на прехранбената индустрија, како што се: Стоби Флипс, Цевитана, Витанез, Атлантис и други, а доказ за квалитетот на производите е тоа што неколку пати, некои од нив се прогласувани за Супербренд. Освен тоа, компанијата го има добиено и медалот Qudal за врвен квалитет на производите. Тоа укажува на успешното работење на компанијата и токму поради тоа, оваа посета предизвика голем интерес кај студентите.
Од името на менаџментот на компанијата, најнапред срдечно добредојде ни посака комерцијалниот директор Владимир Трпаноски, како и Душица Неделкоска која е одговорно лице за односи со јавност. Потоа, студентите ги посетија складишните простории за суровини и материјали, амбалажа и готови производи. Во таа прилика, г-дин Трпаноски ги запозна студентите со методите на складирање, видовите на складишта како и со видовите на транспорт, движењето на материјали, начинот на допрема и отпрема на производите. Сето тоа, надополнето со теоретските објаснувања од предметниот професор, придонесе студентите да добијат многу појасна слика за овие клучни акивности во синџирот на снабдување. Исто така, во поодделните складишта студентите имаа можност да проследат кратки презентации од страна на одговорните лица.
Студентите беа особено восхитени од професионализмот на вработените во фабриката, особено од директорот кој и покрај многубројните обврски одвои доволно време за да сподели бројни искуства со студентите. Посетата на АД „Витаминка“- Прилеп значително придонесе за надополнување на теоретските знаења и збогатување на практичните искуства кај студентите. Се надеваме дека ваквата практика на соработка на Економскиот факултет-Прилеп со бизнис секторот ќе продолжи и во иднина, со што студентите ќе се стекнуваат со бројни практични знаења и вештини.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 09:37
Last Modified: 27 Feb 2020 09:37
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3501

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item