Nikoloski, Dimitar (2015) Промоција на дипломирани економисти и магистри. Еквилибриум (17). pp. 4-5. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
На 28 април оваа година во аулата на Економскиот факултет-Прилеп традиционално беше организирана промоција на дипломирани економисти и магистри по економски науки. Како претходно, и овој пат, промоцијата имаше свечен карактер и на неа, покрај славениците, присуствуваа голем број нивни роднини и пријатели. На промоцијата најнапред се обрати деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески кој го истакна значењето на настанот, како за Економскиот факултет-Прилеп, така и за кариерниот развој на оние кои ја претставуваат новата генерација дипломирани економисти и магистри по економски науки. Потоа, пред присутните се обрати и проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, проф. д-р Сашо Атанасоски кој во своето инспиративно обраќање го сублимираше придонесот што економската наука и професијата економист го даваат во целокупниот општествен развој.
На промоцијата, дипломи им беа доделени на вкупно 78 дипломирани економисти и 30 магистри по економски науки. Освен тоа, на најдобрите дипломирани и магистрирани студенти им беа врачени пригодни награди. Така, од редот на дипломираните, беше наградена Ленче Јовческа која студиите ги заврши со просек 9,42. Посебно е интересен фактот што оваа наша колешка по втор пат се стекнува со диплома од Економскиот факултет-Прилеп, по претходно завршените тригодишни студии од Финансиски менаџмент. Во оваа пригода за Еквилибриум таа го изјави следново: „По дипломирањето во јуни 2013 година на студиската програма Финансиски менаџмент, финансиските можности не ми дозволија да продолжам на постдипломски студии. Но, секако не застанав тука. Есента 2013 година, се запишав на четиригодишната студиска програма Сметководство, финансии и ревизија. Сите беа воодушевени од мојот чекор. Благодарение на мојот труд, упорност, желба за успех и поддршката од страна на најблиските и професорите, за само една година успеав да ја постигам целта. Но, според мене дипломирањето е само почеток. Денес, кога во рацете ја имам и втората диплома, не само што сум побогата со знаење, туку пред сè, повеќе верувам во себе, и дека само со упорност, посветености искористување на животните можности може да постигнеме многу. Горда сум од постигнатиот висок просек, но сум позадоволна од стекнатото знаење, бидејќи тоа ја зголемува додадената вредност, а наградите и пофалниците од една ваква респектабилна високо образовна институција и врвните економисти, моите ценети професори, се само мотив повеќе да продолжам понатаму со крената глава, да го реализирам знаењето во продуктивни цели.На тој начин,преку спрегатамотив – успех, имам можности непрекинато да остварувам високи позитивни резултати и да бидам најдобра во мојата професија.“
Освен за додипломски студии, пригодни награди беа врачени и на двајцата најдобри магистри по економски науки. Тоа се: Александар Тодороски и Павлина Петреска кои со титулата магистер се стекнаа постигнувајќи просек од 10,00. Во ваа прилика Павлина Петреска за Еквилибриум го изјави следново: „Времето што го поминав на Економскиот факултет-Прилеп низ четирите години на студирање, како и постдипломските студии е време кое ќе остане засекогаш запишано како најубав период од мојот живот. Во тоа време ги остварив моите соништа и сфатив дека нема препрека која не може да се помине. Економијата како наука е доста интересна. Успеав дел од неа да осознам, но доста остана за изучување и во наредниот период. Немаше „тешки“ или „лесни“ испити. Имаше само знаење кое треба да се освои. Сите дисциплини за мене беа еднакви, бидејќиво сите наоѓав предизвик за еден чекор понапред. Јас ја имав таа среќа, знаењето да ми го пренесат професори кои се за голема почит. Тие беа во вистинска смисла на зборот- големи професори, затоа штосекогаш имаа одговор на моите прашања. Успеав да дипломирам и магистрирам со највисок просек, а како награда за мојот успех беше бесплатно студирање на додипломските и постдипломските студии. Освен тоа, во меѓувреме успеав да го добијам и моето прво вработување. Моите амбиции во моментов се насочени кон докторските студии, со што верувам дека ќе го комплетирам моето образование. На крај, на сите идни генерации кои имаат желба да студираат на Економскиот факултет-Прилеп, им порачувам да не се двоумат. Студентите на овој факултет имаат што да научат, зашто пред нив се наоѓа бескрајно поле за стекнување знаења. Вреди да се учи систематски за знаење, а не само за оценка. Успехот ќе биде сигурен и соодветно вреднуван затоа што пред вас ќе имате тим на професори кои се едни од најдобрите во земјата.“
Промоцијата на дипломирани економисти и магистри по економски науки беше збогатена со музичкиот настап на реномираните уметници Леонарда Богданоска Гиноска и Кире Гаралоски. На овој начин Економскиот факултет-Прилеп уште еднаш достојно го одбележа промовирањето на новите дипломирани студенти и магистри по економски науки, а се надеваме дека овој настан ќе остане долго врежан во сеќавањата на присутните.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 27 Feb 2020 09:37 |
Last Modified: | 27 Feb 2020 09:37 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3499 |
Actions (login required)
View Item |