Воведен збор

Nikolovski, Zoran (2015) Воведен збор. Еквилибриум (17). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Почитувани читатели,
Пред вас се наоѓа уште еден број на списанието „Еквилибриум“. Во него поместени се доста интересни прилози коишто го отсликуваат периодот на случувањата во Економскиот факултет-Прилеп во текот на претходните неколку месеци. Најнапред, поместени се информативните текстови. Така, за промоцијата на дипломирани економисти и магистри од 28 април оваа година, пишува Димитар Николоски. Потоа, Марија Мидовска ни ја доловува атмосферата од отворениот ден на Факултетот кој се одржа на 2 април оваа година, кога нè посетија матуранти од повеќе градови во Република Македонија. Ним им беа презентирани студиските програми, можностите за практична настава и меѓународна размена на други универзитети. Марија Наковска, пак, ја претставува посетата на студентската манифестација одржана на Државниот Универзитет во Тетово по повод одбележувањето на Денот на Европа, 9-ти мај, во организација на Европското движење. Освен тоа, тука е поместен и текстот на Анета Ристеска за посетата на наши студенти на реномираната компанија од прехранбената индустрија, АД „Витаминка“-Прилеп. За новостите и случувањата од УКЛО традиционално нè информира колешката Елизабета Ангелеска-Атанасоска.
Освен информативните содржини, овој број на „Еквилибриум“ донесува и други интересни текстови. Така, Димитар Николоски ја презентира на програмата „Еразмус+“ чии компоненти се образованието, обуките, младите и спортот од 2014 до 2020 година, додека пак Марика Башеска-Ѓорѓиеска презентира дел од рефлексиите на студентите од програмата DOCSMES. Потоа, Марјан Ангелески и Димитар Николоски ги изнесуваат нивните импресии од студискиот престој во Турција. Во овој број, професорот Пеце Николовски, навраќајќи се на бизнис шпионажата, пишува за „Синдромот Лопез“ и истакнува дека во развиените економии одамна постојат приватни детективи за бизнис шпионажа чии број сè повеќе се зголемува. Во рубриката „Влијателни економисти“, Мери Бошкоска зборува за истакнатиот макроекономист Стенли Фишер кој со своите трудови на макроекономијата и дава микроекономска основа, додека пак, за чудесниот свет на Руб Голдберг пишува професорот Илија Христоски.
Студентите со свои текстови даваат придонес и во овој број на „Еквилибриум“, Така, Елена Крстевска пишува за незаборавната апсолвентска екскурзија, а Рената Лазаревска ни ја опишува атмосферата од апсолвентската вечер која се одржа на 21 мај оваа година и ќе остане во долго сеќавање кај годинешните апсолвенти. Лина Димоска нè информира за новостите од АИЕСЕК-Прилеп кој успешно го реализира Семинарот за лидерство, Саемот за кариера, а помага и во реализирањето на професионалната пракса, додека пак, Пеце Спасески зборува за кампањата „Кафе со АИЕСЕК“, каде што студентите детално се запознаа со нивните можности за волонтирање и професионално усовршување во странските држави преку мрежата на АИЕСЕК.
Ви посакуваме пријатно дружење со „Еквилибриум“, со надеж дека истиот ќе биде ваш придружник во долгото топло лето.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 27 Feb 2020 09:36
Last Modified: 27 Feb 2020 09:37
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3498

Actions (login required)

View Item View Item