Nikolovski, Pece (2015) Студентска посета на криминалистичкиот музеј. Еквилибриум (16). p. 12. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Покрај редовната настава којашто се состои од предавања и вежби, студентите на Економскиот факултет-Прилеп имаат честа можност да изведуваат и клиничка настава која се реализира преку посети на компании и други институции во државата. Во тој контекст, на 28 ноември 2014 година, 25 студенти од нашиот Факултет, од трета годинана насоката Сметководство, финансии и ревизија, предводени од проф. д-р Пеце Николовски, беа на еднодневна студентска посета во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија-Оддел за форензика и криминалистичка техника и на Факулетот за безбедност во Скопје. Освен тоа, студентите имаа можност даго посетати криминалистичкиот музеј.
Посетата беше реализирана по претходна покана на помошник министерот за внатрешни работи на Република Македонија, оддел за форензика и криминалистичка техника, доц. д-р Слободан Оклевски. Најнапред,студентите со голем интерес го разгледаа Криминалистичкиот музеј при Факултетот за безбедност во Скопје каде од страна на одговорно стручно лице беа запознати со различните видови криминалитет и нивните извршители што се случиле во изминатиот временски период во Република Македонија.Потоа, групата беше примена од помошник-министерот за внатрешни работи на Република Македонија, оддел форензика и криминалистичка техника, доц. д-р Слободан Оклевски,кој заедно со своите соработници, ги запознаа присутните со различните видови статистички и економски криминал, со посебен осврт на техниките за откривање на фалсификувани потписи, работни документи, печати, пасоши, лични карти и друга работна документација.
Со оваа посета, Економскиот факултет-Прилеп ја продлабочи соработката со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Факултетот за безбедност во Скопје. Студентите ја оценија посетата како мошне интересна и корисна бидејќи стекнатите информации ќе можат да ги применат во нивните идни професионални кариери. Се надеваме дека ваквата практика на спроведување на клиничка настава на Економскиот факултет-Прилеп ќе продолжи и понатаму, со што ќе се зголемува применливоста на теоретските знаења што се стекнуваат во редовната настава.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 26 Feb 2020 14:14 |
Last Modified: | 26 Feb 2020 14:14 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3484 |
Actions (login required)
View Item |