Промоција на дипломирани економисти и магистри

Nakovska, Marija (2015) Промоција на дипломирани економисти и магистри. Еквилибриум (16). p. 4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Традиционално како претходните години, и оваа година на 10 декември со свечено доделување на дипломите на Економскиот факултет-Прилеп беа промовирани нови 199 дипломирани економисти и 32 магистри кои што магистрирале или дипломирале во периодот од 10 март до 10 октомври 2014 година. Свеченоста се одржа во холот на Факултетот, а беа присутни голем број дипломирани економисти, магистри по економски науки, нивните родители и пријатели, како и многубројни професори и соработници.
Во рамките на свечената пригода, деканот на Економскиот факултет-Прилеп проф. д-р Ѓорѓи Манчески се обрати пред присутните истакнувајќи дека е горд на новодипломираните студенти и магистри, бидејќи развојот на една национална економија зависи од квалитетот на човечките ресурси. Тој, исто така, истакна дека вложувањата во образованието, особено високото обрзование, претставуваат суштински фактор за етаблирање на економија заснована на знаење.
„Дипломата која денес ќе ја добиете е само формален чин на потврда на стекнатите знаења на овој факултет. Учењето не престанува тука и сега, тоа продолжува и ќе ве следи целиот ваш живот. Учете бидејќи знаењето дава повисока додадена вредност, повисоки професионални перформанси. Иднината е во учењето, знаењето и секако во неговото вградување во производите и услугите“ истакна деканот проф. д-р Ѓорѓи Манчески во своето обраќање.
Економскиот факултет-Прилеп како секоја година, така и оваа година ги награди најдобрите дипломирани студенти доделувајќи им пофалници и пригодни награди. Оваа година за најдобри студенти беа наградени: Фросина Секулоска, Емилија Трајчевска, Христина Михајловска и Анастазија Попоска со просечен успех 10,00. Покрај наградите доделени на најдобрите дипломирани студенти, оваа година пофалница и пригодна награда & беше доделена на Маја Велевска, најдобар магистер на економски науки, со просечен успех 10,00.
Во оваа прилика вредно е да се истакне дека на Економскиот факултет-Прилеп до сега дипломирале над 16.000 економисти, а многу од нив магистрирале и докторирале. Економскиот факултет-Прилеп со својата 54-годишна традиција се вбројува во редот на најстарите високо-образовни институции во Република Македонија. Негувајќи ја традицијата, Факултетот е енергично свртен кон нови реформи нудејќи атрактивни студиски програми кои кореспондираат со економските стандарди, но пред сè, програми кои се компактибилни со барањата на работодавачите на пазарот на трудот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 14:14
Last Modified: 26 Feb 2020 14:14
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3482

Actions (login required)

View Item View Item