Boshkoska, Meri (2014) Вештини за пишување на научно-истражувачки труд. Еквилибриум (15). pp. 21-22. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Научниот труд е изворно, оригинално научно дело кое самостојно го изработува истражувач врз основа на соодветна методологија. При изработка на трудот, истражувачите често се соочуваат со прашањето: Како се пишува научен труд? Ова прашење е наметнато од проблемот на непостоење на „култура“ за пишување на трудови во образовниот систем на Р. Македонија. Овој проблем продуцира незнаење и недоволно располагање со вештини за пишување научни и стручни трудови. Целта на овој текст е да се одговори на прашањето како се пишува научен труд што ќе биде од корист за кандидат кој е во фаза на пишување на научен труд. Да се пишува научен труд не значи само да се знае да се спроведе истражување. Со совладување на вештините на пишување на научен труд се избегнуваат сите проблеми кои произлегуваат од нејасен и конфузен текст што никој не може да го разбере. Секој истражувачки труд ќе вроди ефекти доколку се научи како да се пишува тоа што се истражувало, анализирало и заклучило. Научниот труд треба да е изработен врз основа на соодветна методологија, а во содржината да се препознава научен придонес како за теоријата, така и за праксата. Исто така, трудот треба да е добро конципиран, со едноставен и јасен стил на пишување, а текстот ревидиран и лекториран. Ваков научен труд е подобен за да се утврди способноста на истражувачот за понатамошна самостојна истражувачка рабата во определено научно поле.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 26 Feb 2020 13:29 |
Last Modified: | 26 Feb 2020 13:29 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3478 |
Actions (login required)
View Item |