Предавање во организација на Амбасадата на САД во Р. Македонија

Dajovska, Ana (2014) Предавање во организација на Амбасадата на САД во Р. Македонија. Еквилибриум (14). pp. 19-20. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 19-ти февруари 2014 година во просториите на Економскиот факултет-Прилеп беше одржано предавање на тема „Буџет и финансиски менаџмент во Федералната влада на САД“ во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија и Американското катче во Битола. На овој настан студентите имаа можност да се запознаат и да разговараат на дадената тема со г-динот Дејвид Ортон, одговорен за финансиски менаџмент во Амбасадата на САД во Република Македонија. За време на интерактивната презентација студентите имаа можност да поразговараат со г-динот Ортон за американските практики во областа на буџетирањето и финансирањето, како и да направат споредба со македонските услови како и начинот на организирање на економските текови. Покрај прашањата поврзани со даночните практики, студентите беа заинтересирани и поставуваа прашања поврзани со дипломатското искуство на г-динот Ортон.
Во текот на предавањето г-динот Ортон направи подетален осврт на федералните резерви на САД, начинот на организирање на даночниот систем, како и за должничката криза која се јави во изминатите години. За присутните студенти особено беше интересен фактот што секоја држава во САД има определено посебна легислатива која се однесува на даноците. Овој сегмент беше особено интересен бидејќи таков пример не постои во македонската практика. Сите содржини за кои говореше г-динот Ортон беа во согласност со темите и материјалот што студентите по финансиски менаџмент го апсолвираат во тековниот семестар. Тоа додаде уште поголема важност на настанот на кој студентите преку средба со експерт од областа на финансискиот менаџмент имаа можност да разговараат за практични примери поврзани со една од есенцијалните области која треба да ја познава секој економист.
На оваа презентација во најголем број присуствуваа студентите кои тековно го слушаат предметот финансиски менаџмент. За нив, тоа беше едно од првите предавања во кои тие се запознаваат со основите на финанскиот менаџмент. Токму поради ова, на презентацијата беа дадени насоки за најважните теми поврзани со финансискиот менаџмент, но беше потенцирана и огромната важност на оваа област во економијата и воопшто во целокупното деловно работење. Се надеваме дека соработката меѓу Економскиот факултет - Прилеп и Амбасадата на САД во Р.Македонија ќе продолжи во иднина и ќе биде збогатена со други активности и содржини.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:57
Last Modified: 26 Feb 2020 12:57
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3469

Actions (login required)

View Item View Item