Промоција на дипломирани економисти и магистри

Dimeska, Afrodita (2014) Промоција на дипломирани економисти и магистри. Еквилибриум (14). p. 4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 30 Април 2014 година на Економски факултет - Прилеп се одржа свечена промоција на дипломирани економисти и магистри по економски науки коишто своите студии ги завршиле во периодот од 11 октомври 2013 година до 10 март 2014 година. На оваа промоција беа доделени дипломи на вкупно 96 дипломирани економисти и 16 магистри по економски науки коишто се приклучија кон големото семејство алумни од нашиот факултет. И овој пат просторот каде што се одвиваше свеченоста беше аулата на Економскиот факултет - Прилеп со што се надополни свечениот карактер на овој настан.
Свечениот собир, со свое обраќање го поздрави деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески кој на дипломираните економисти и магистри им посака успешна и плодна работа. Во своето инспиративно обраќање, деканот изрази надеж дека стекнатите знаења за време на студирањето ќе претставуваат моќна алатка во натамошниот кариерен развој. Натаму, тој им порача на дипломираните и магистрираните економисти и понатаму Економскиот факултет - Прилеп да го чувствуваат како своја институција и да доаѓаат секогаш кога ќе имаат потреба за тоа. На крај деканот на Економски факултет - Прилеп, проф. д-р Ѓорѓи Манчески упати искрена порака до дипломираните економисти и магистри: „Верувајте во себе! Верувајте во своите способности и продолжете да чекорите по патот на успехот!“
Традиционално, Економски факултет - Прилеп, им додели пофалници и ги награди дипломираните студенти со постигнат успех над 9.00. Треба да се истакне фактот дека студентот со највисок просек Ивона Тодороска беше наградена со обезбедување соодветен работен ангажман. Промоцијата се одржа во присуство на голем број гости и претставници од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а беше збогатена со културно - уметничка програма во изведба на Леонарда Богданоска-Гиноска и Кире Гаралоски. Свечениот чин на доделување дипломи беше удостоен од страна на градоначалникот на општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески. Во своето обраќање при кајот на манифестацијата тој истакна дека е гордост за еден град да има високообразовна институција како што е Економскиот факултет - Прилеп. Освен тоа, тој апелираше до стопанствениците да ги отворат своите врати и да им дадат шанса на младите дипломирани економисти за кои се надева дека во нив ќе препознаат квалитетни кадри.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 26 Feb 2020 12:57
Last Modified: 26 Feb 2020 12:57
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3462

Actions (login required)

View Item View Item