Претставување на програмата „Млади во акција“

Nikoloski, Dimitar (2013) Претставување на програмата „Млади во акција“. Еквилибриум (12). pp. 22-23. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Младите претставуваат двигатели на секое општество и основа за неговиот иден развој. Токму затоа и Европската унија посветува големо внимание на развојот на младите и нивното соодветно образование. Носител на европските образовни програми во Република Македонија е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, којашто е одговорна за нивна промоција и спроведување. На овој начин, Националната агенција придонесува во развојот на заедницата, како општество засновано на напредно знаење, одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, а истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката. Корисници на програмите можат да бидат ученици, студенти, наставници, професори-обучувачи и друг персонал кој е вклучен во кој било дел од образовниот процес, т.е. компаниите и другите правни лица, вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела, како и здруженија на граѓани и фондации. Главни програми што се реализираат преку Националната агенција се: Комениус, Леонардо да Винчи, Еразмус, Грундвиг, Е-твининг и Млади во акција. Во овој број на Еквилибриум ќе ги прикажеме основните специфичности на програмата „Млади во акција“, којашто е наменета за невладини организации, јавни тела, неформални групи на млади луѓе и сл. Програмата „Млади во акција“ се состои од три насоки и тоа: младински размени, младински иницијативи и младински демократски проекти.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 24 Feb 2020 21:40
Last Modified: 24 Feb 2020 21:40
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3410

Actions (login required)

View Item View Item