Zdraveski, Dejan (2013) Состојби на македонскиот пазар за бизнис интелигенција. Еквилибриум (12). pp. 9-11. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Сè поголемите барања на корисниците имаат значително влијание врз понудата на алатки за бизнис интелигенција на софтверскиот пазар на бизнис интелигенција. Проширувањето на пазарот на бизнис интелигенцијата со сé поголем број алатки е резултат на значителното зголемување на побарувачката од широк спектар на корисници како бизнис аналитичари, ИТ професионалци, клиенти, регулатори, професионални аналитичири итн. Секој тип корисник има свои посебни барања што, во голема мера, придонесува за зголемувањето на бројот на различните апликации, иако таквите барања често може да бидат и конфликтни меѓу себе. Така, на пример, од една страна се барањата на бизнис корисниците за кориснички ориентирани и флексибилни апликации со голема аналитичка моќ, наспроти барањата на ИТ професионалците за стандардизирани апликации што ќе овозможуваат предвидување и ќе ги задоволуваат сите стандарди во однос на квалитетот на податоците.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 24 Feb 2020 21:40 |
Last Modified: | 24 Feb 2020 21:40 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3405 |
Actions (login required)
View Item |