Борбата против пиратеријата во областа на производството и заштита на авторските права

Nikolovski, Pece (2013) Борбата против пиратеријата во областа на производството и заштита на авторските права. Еквилибриум (12). pp. 7-9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Борбата против неовластеното производство на патентирани и заштитени производи и пиратското користење на авторските права е стара колку и воведувањето на големите технолошки откритија во производството и воспоставување во пракса на поимот за авторските права. Патент претставува потврда со којашто надлежните органи за регистрација на пронајдокот тврдат во корист на определена личност - заштита на конкретниот негов пронајдок. Авторско право (copyright) според енциклопедијата, „Grand Larousse“, е морално и сопственичко (наследно) право на еден автор на своите уметнички или литературни дела. Во историјата за регулирање на ова прашање првиот пропис што го регулира правото на пронаоѓачот за привилегирано користење на пронајдокот бил декретот за авторски права од 1474 година. Тој содржи важни елементи за подоцна модернизираното законодавство за патентирање. Првиот закон за патентирање, во современа смисла е донесен на конгресот од САД во 1790 година што потврдува дека со тоа американците се занимавале во времето на прогласување независност, а по него следи францускиот сличен закон од 1791 година само две години по буржоаската револуција. Според македонските законски решенија, патент може да се издаде за нов пронајдок што содржи ново решение за определен технолошки проблем што е применлив во индустријата или која било друга стопанска дејност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 24 Feb 2020 21:40
Last Modified: 24 Feb 2020 21:40
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3404

Actions (login required)

View Item View Item