Obednikovska, Snezana (2013) Влијателни економисти – Мајкл Портер. Еквилибриум (10). pp. 14-16. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Професорот Мајкл Портер, за којшто слободно може да се додаде епитетот „гуру на модерниот менаџмент“ е познат како татко на теоријата за конкурентска предност, теоријата за развојот на економиите, нациите, државите и регионите, како и апликативните модели за развој на конкурентноста во посебните области како што се здравството, образованието, корпоративните активности и сл. Како професор на реномираниот Харвардски универзитет, тој е носител на голем број признанија и награди кои од областа на економијата и конкурентноста. Како резултат на неговите залагања во овие области, Универзитетот во Харвадр и Бизнис школата од Харвадр, во 2001 ја покренуваат иницијативата за формирање на Институтот за стратегија и конкурентност. Тој е многу плоден автор и досега има објавено 18 книги и над 120 статии. Идеите на професорот М. Портер се основа за предавањата и курсевите за стратегија и конкурентност на голем број универзитети во целиот свет. Имено, неговите идеи се однесуваат на стратегијата, конкурентноста и бројните проблеми во подрачјето на бизнисот, законодавството, непрофитните организации и филантропските лидери.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 23 Feb 2020 18:35 |
Last Modified: | 23 Feb 2020 18:35 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3353 |
Actions (login required)
View Item |