Krstevski, Dejan (2012) Улогата на модерниот сектор за финансии. Еквилибриум (9). pp. 14-15. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Сé погласните размислувања за улогата и функционирањето на секторите за финансии во современите корпорации претставуваат инсипрација за овој текст што ќе се осврне на ова навидум горливо прашање. Со особено задоволство се сеќавам на една неформална средба во Амстердам со главниот финансиски директор на една голема меѓународна корпорација и неговиот коментар упатен до мене што гласеше: „сé е премногу вредно, за да се остави на кого било да донесува одлуки според свое лично убедување“. Ова „кого било“ се однесуваше на главните извршни директори, маркетинг директорите, одговорните за продажба, техничките директори, кадровската политика и тн. Таквата изјава, со којашто функцијата на финансискиот оддел се поставува во преден план, во тоа време ми изгледаше многу конзервативна, но од денешен аспект таа сосема е точна, земајќи ја предвид економската криза со којашто се соочуваме. Долго време претставниците од финансиската фела бевме и сé уште сме сведоци на големи ветувања, деловни студии со високи стапки на принос, нови приходни линии, бум-технологии и развојни буџети. Резултатите денес се евидентни: економски потреси што резултираат со неблагодарни мерки од типот на намалување на трошоците, отпуштања од работа, намалени плати и тн.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 23 Feb 2020 17:48 |
Last Modified: | 23 Feb 2020 17:48 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3342 |
Actions (login required)
View Item |