Предавање на тема „Економијата и бизнисот“-Трифун Костоски

Spaseska, Tatjana (2012) Предавање на тема „Економијата и бизнисот“-Трифун Костоски. Еквилибриум (9). p. 7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Процесот на глобализација наметнува потреба од усогласување на универзитетските наставни програми со потребите на економијата за кадри кои ќе се соочуваат со тековните услови на стопанисување. Како последица на тоа произлегува интензивирањето на партнерството меѓу универзитетите и бизнис заедницата за интегрирање на знаењето на двете страни, како и стекнување заднички придобивки. Во оваа насока, Економскиот факултет-Прилеп ја продолжува неколкумесечната практика на проширување и интензивирање на соработката со бизнис заедницата за негово континуирано адаптирање и партиципирање во процесите на економскиот развој на Република Македонија. Овие активности се реализираат преку Центарот за перманентно професионално усовршување којшто континуирано покренува и ги поддржува иницијативите за ефикасно прилагодување на Факултетот во променливиот деловен амбиент. На овој начин, Центарот презема соодветни активности за зацврстување и продлабочување на соработката во бизнис секторот преку предавања на истакнати стручњаци од бизнис секторот во Република Македонија. Во тој контекст, вредно е да се одбележи дека во просториите на Економскиот факултет-Прилеп, на 12 декември 2012 година, беше организирано предавање на г-дин Трифун Костовски, на тема “Економијата и бизнисот”.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Feb 2020 17:47
Last Modified: 23 Feb 2020 17:47
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3338

Actions (login required)

View Item View Item