Nikoloski, Dimitar (2012) Воведен збор. Еквилибриум (7). pp. 3-4. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Почитувани читатели,
На крајот сме од уште една академска година, време кога се сумираат резултатите од сработеното во текот на изминатите два семестра. Верувам дека за многумина од студентите, кои успешно ги положиле испитите, и оваа година ќе биде бериќетна. Останатите ќе треба да вложат дополнителни напори и да ги коригираат слабостите од претходниот период. Впрочем, целта на студирањето е стекнување нови знења што честопати е поврзано со тешкотии преку чиешто совладување се стигнува до крајната цел – дипломата. За наставничкиот и соработничкиот кадар на Факултетот, пак, претстои време за одмор, но и за подготовка за наредната учебна година.
Економскиот факултет – Прилеп речиси една деценија во својот едукативен процес успешно го спроведува европскиот кредит трансфер систем. И покрај недостатоците на овој систем, што неизбежно треба да се надминуваат, сепак, синтагмата ЕКТС постепено станува наше секојдневие и синоним за обликот преку којшто се реализира високообразовниот процес во Република Македонија. Во тој контекст, и примената на Болоњската декларација со сите свои добронамерни цели треба соодветно да се прилагоди и да се применува во контекстот на македонското општество и за потребите на македонскиот пазар на труд. Тековните измени на студиските програми на Економскиот факултет – Прилеп имаат за цел токму тоа: образовните профили континуирано да се усогласуваат со изменетите услови и потреби на пазарот на труд.
Постепено етаблирајќи се како респектабилно гласило на Факултетот, „Еквилибриум“ и во овој број донесува интересни текстови за своите читатели. Еден дел од текстовите имаат за цел да информираат за големиот број промотивни активности што се случија во текот на изминатиот квартал, како што се: Отворениот ден, Предавањето на амбасадорот на Република Словачка, г-дин Роберт Кирнаг, промоцијата на дипломирани студенти и магистри, како и претприемничкиот викенд на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на којшто зедоа учество и наши студенти. Покрај тоа, во овој број можете да прочитате интересни текстови за новите промени во маркетингот од проф. д-р Гоце Менкиноски, историскиот развој на бизнис шпионажата од проф. д-р Пеце Николовски, како и улогата и значењето на електронската комуникација од Маринела Тодоровска. Во редовната рубрика „Влијателни економисти“ Ви ја претставуваме истакнатата фигура во економската наука – Јозеф Шумпетер, а во рубриката „Успешни алумни“ правиме пресек на профилот на нашиот поранешен дипломиран студент Марјан Петрески.
Текстовите на нашите соработници студенти секогаш ги збогатуваат страниците на „Еквилибриум“, а и во овој број имаме наколку такви текстови, како што се: второнаградениот есеј на конкурсот на тема „Јас, граѓанин на Европа“ од Доан Сулејманоски, новостите од АИЕСЕК, турнирот во мал фудбал во организација на Факултетот, впечатоци од апсолвентската екскурзија и од апсолвентската вечер. Се надеваме дека разновидноста на текстовите и нивните интересни содржини ќе го привлечат вашето внимание, а „Еквилибриум“ и натаму ќе продолжи да информира, разонодува и едуцира.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 22 Feb 2020 10:02 |
Last Modified: | 22 Feb 2020 10:02 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3300 |
Actions (login required)
View Item |