Gveroski, Miroslav (2012) Влијателни економисти - Џон Мејнард Кејнз. Еквилибриум (6). pp. 17-18. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Расправата за поголемо или помало вклучување на државата во економијата е вечна тема во дискусиите од економската проблематика. Тоа особено доаѓа до израз кога светот се наоѓа пред или е во економска криза, и тоа не само во развиените економии, туку и кај нас во Република Македонија. Основата на ваквата филозофија на поголема или помала интервенција на државите се наоѓа во делото на еден од најистакнатите економисти во историјата на економската наука, Џон Мејнард Кејнз.
Џон Мејнард Кејнз бил британски економист чии идеи, сублимирани во тн. кејнзијанска економија, имаат многу голем придонес во модерната економска и политичка теорија, како и во владините политики. Во почетокот на своето творештво Кејнз бил приврзаник на економскиот либерализам, но постепено го напуштал и подоцна преминал на страната на поддржувачите на државниот интервенционизам. Значењето на неговата торија може најдобро да се согледа од тоа што него го нарекуваат „татко“ на модерната макроекономска теорија или, уште повеќе, неговото учење се изедначува со пресвртницата во развојот на економската мисла во 20. век. Кејнз извесно време работел и како советник во Министерството за финансии во Индија, бил гувернер на Англиската банка, претставник на тогашното високо осигурително друштво, уредник на списанието Економски дневник, секретар на Кралското економско друштво и др. Во 1944 година Кејнз ја предводел британската делегација на интернационалната делегација во Бретон Вудс каде што биле утврдени деталите на меѓународниот финансиски систем, односно биле форимирани две институции, и тоа Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка за обнова и развој.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 22 Feb 2020 09:38 |
Last Modified: | 22 Feb 2020 09:38 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3297 |
Actions (login required)
View Item |