Општ осврт кон бизнис шпионажата

Nikolovski, Pece (2012) Општ осврт кон бизнис шпионажата. Еквилибриум (6). pp. 15-17. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Новиот светски поредок сè повеќе наметнува економски натпревари, наместо воени судири. Уште еднаш во светот доаѓа времето на доминација на бизнис (економската) шпионажа.
Според дефиницијата, од макро аспект, економското (бизнис) информирање е поим што, генерално, опфаќа богат репертоар на активности и современи напори на сите држави да дојдат до знаењата што другите нации ги поседуваат и ги користат за своите потреби во технологијата и производството а коишто отсекогаш постоеле во светот. Од микро аспект, пак, тоа се сите активности и напори на деловните субјекти и големи и силни комплекси во една иста или различни национални економии да дојдат до знаењата што другите конкурентски деловни субјекти и трговски комплекси ги поседуваат и користат за своите потреби во технологијата и производството, а сè со цел да се присвојат нивните строго чувани деловни тајни, што натаму ќе се користат за остварување поголем профит и обезбедување повисоко конкурентско место во дејноста. Она што и денес се именува како бизнис (економска) шпионажа ги следи човечките активности уште од најстарите историски периоди.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 09:38
Last Modified: 22 Feb 2020 09:38
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3296

Actions (login required)

View Item View Item