Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2012) Воведен збор. Еквилибриум (6). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Економскиот факултет-Прилеп е високообразовна институција со повеќедецениска традиција којашто континуирано се развива и унапредува. Во овој број на „Еквилибрум“ сакаме во преден план да ги ставиме најновите достигнувања во нашата институција на почетокот од 2012 година. Имено, потребно е да се истакне дека Економскиот факултет-Прилеп годинава ја започна амбициозно со низа проекти, што отвораат нови перспективи во неговиот развој. Покрај активностите за уписот на нови студенти за наредната академска година, за одбележување е и успешниот старт на две меѓународни студиски програми. Едната е студиската програма за МБА постдипломски студии на Универзитетот Френклин што започна со работа во февруари оваа година, а со тоа се круниса успешната соработка меѓу овој реномиран американски универзитет и Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. Другата студиска програма е програмата за докторски студии по претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија во рамките на ТЕМПУС проектот DOCSMES, што започна со работа во март оваа година. Оваа докторска програма се реализира во соработка со повеќе реномирани универзитети од реигионот на Југоисточна Европа и од Европската унија.
Во овој број, исто така, донесуваме и низа интересни текстови за коишто сметаме дека ќе го привлечат вашето внимание. Така, во својата рубрика, професорот Љупчо Печијарески се осврнува на состојбите, проблемите и перспективите во високото образование во Република Македонија. Радиoфреквентната идентификација и нејзината соодветна примена се предмет на анализа во текстот на професор Ѓорѓи Манчески, додека бизнис шпионажата е предмет на обработка во текстот на професор Пеце Николовски. Во овој број за првпат воведуваме и неколку нови рубрики. Така, во рубриката „Влијателни економисти“ професор Мирослав Гвероски пишува за еден од најзначајните економисти во историјата на економската наука – Џон Мејнард Кејнз. Во рубриката „Успешни алумни“ за првпат ви го претставуваме нашиот поранешен студент Христијан Ристески, додека во рубриката „Интересна економија“ за првпат ги претставуваме најчудните економски индикатори. Не помалку интересни се и текстовите на нашите соработници, па така асистент Спиро Лазароски пишува за своето искуство од докторските студии на универзитетот Стафордшир, а демонстраторот Татјана Мицалевска пишува за кризата на задолженост во еврозоната. На крај, вредно е да се споменат и текстовите поврзани за активностите на Студентскиот парламент и АИЕСЕК коишто секогаш ни донесуваат интересни содржини.
Од содржината на текстовите во овој број може да се заклучи дека „Еквилибриум“ и натаму воспоставува рамнотежа меѓу најразновидните содржини. Покрај информативниот карактер, ова гласило има за цел да едуцира и да разонодува. Се надеваме дека нагорната тенденција во развојот на „Еквилибриум“ ќе продолжи и натаму, со што на страниците ќе можат да се среќаваат поголем број интересни текстови.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Feb 2020 09:37
Last Modified: 22 Feb 2020 09:37
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3291

Actions (login required)

View Item View Item