Nikoloski, Dimitar (2011) Презентација на Секторот за истражување и статистика при НБРМ. Еквилибриум (5). p. 17. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Во просториите на Економски факултет-Прилеп на 4 ноември оваа година се одржа презентација на Секторот за истражување и статистика при Народната банка на Република Македонија од страна на почитуваните гостинки м-р Билјана Давидовска-Стојанова, м-р Билјана Јовановиќ и м-р Тања Ефремова. Интресното предавање го посетија голем број студенти, асистенти и професори од Факултетот, при што можеа непосредно да се запознаат со истражувачките активности и главните статистики во рамките на НБРМ.
М-р Билјана Давидовска-Стојанова од Дирекцијата за истражувања при НБРМ во својата презентација се осврна на активностите и значењето на оваа Дирекција. Дирекцијата за истражувања претставува стожер на аналитичкиот и истражувачкиот процес во рамките на НБРМ. Покрај тоа, значајна е улогата во формулирањето на монетарната политика, што претставува аналитичка поткрепа на процесот на донесување монетарни одлуки и давање предлози за евентуални промени во поставеноста на монетарната политика. Натаму, оваа Дирекција врз континуирана и систематизирана основа, го информира највисокото раководство на Банката за најновите движења во домашната економија и странство. Треба да се истакне дека претставници од Дирекцијата за истражувања учествуваат во работните средби со тимовите на ММФ, Светската банка, Европската централна банка, Европската комисија и други странски организации и институции.
Вториот презентер, м-р Билјана Јовановиќ, го претстави Отсекот за економско моделирање при НБРМ и посебно се осврна на МАКПАМ моделот. Во тој контескт, беше истакнато дека моделите претставуваат аналитичка рамка за анализа на клучните трансмисиски канали во економијата. Оттука тие претставуваат неопходна алатка при спроведувањето и анализата на монетарната политика, овозможуваат интегрирање на факторите што го детерминираат движењето на најзначајните макроекономски променливи, го олеснуваат анализирањето на неизвесноста преку конструирање ризични сценарија и обезбедуваат полесна комуникација со јавноста и транспарентност на монетарната политика. Една од најзначајните алатки на Отсекот за економско моделирање е МАКПАМ моделот, што претставува структурен макроекономски модел што нуди стилизирана слика за функционирањето на целата економија.
Третиот презентер, м-р Тања Ефремова, го претстави Отсекот за монетарна статистика при НБРМ. Притоа беше истакнато дека НБРМ е единствена официјална институција одговорна за прибирање, компилирање и објавување на монетарната статистика. Покрај монетарната статистика, од страна на Дирекцијата за статистика, се следат и статистиките на каматните стапки, надворешните статистики и статистиките за финансиските сметки. Во своите идни планови оваа Дирекција има зацртано прилагодување на статистиките во НБРМ кон стандардите и барањата на Европската унија, воведување нови извори на податоци, како и намалување на времето потребно за обработка на податоците. Сите податоци што ги компилира Дирекцијата за статистика при НБРМ се објавени на интернет страницата на НБРМ.
На крајот, вредно е да се спомене Годишната награда на НБРМ за млади истражувачи. Оваа награда за првпат беше доделена во 2007 година за стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата, како и афирмација на младите стручни кадри. Наградата се доделува на Денот на монетарното осамостојување на Република Македонија, 26 април и таа изнесува 100.000 денари, со отворена опција за доделување втора награда, во вредност од 50.000 денари. Конкурсот, што е објавен на интернет страницата на НБРМ, е отворен за сите млади истражувачи до 35-годишна возраст, а крајниот рок за поднесување трудови е 1 март 2012 година.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 21 Feb 2020 19:49 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 19:49 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3267 |
Actions (login required)
View Item |