Nikoloski, Dimitar (2011) Сциентистички хепенинг. Еквилибриум (5). pp. 8-9. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Студентите на Економски факултет-Прилеп, како и бројните гости од други институции и компании од Прилеп и поширокиот регион на 24 ноември оваа година имаа ретка можност да проследат еден интересен настан во организација на Факултетот. Имено, станува збор за сциентистичкиот хепенинг на тема „Научно-истражувачката дејност во Република Македонија – состојби, проблеми и перспективи“. Овој настан се реализира во холот на Економскиот факултет-Прилеп, каде што за таа намена беше изработено специјално партерно уредување.
Покрај модераторот, проф. д-р Љупчо Печијарески, на овој хепенинг активно учество зедоа следниве дискутанти: проф. д-р Ѓорѓи Манчески – декан на Економски факултет-Прилеп, доц. д-р Ненад Марковиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Димитар Ефтимоски од Факултетот за администрација и менаџмент информациски системи (ФАМИС), проф. д-р Коста Сотироски од Економски факултет-Прилеп, доц. д-р Сашо Ќосев од Економски факултет-Скопје и доц. д-р Димитар Николоски од Економски факултет-Прилеп.
Целта на хепенингот, како што истакна модераторот, проф. д-р Љупчо Печијарески, беше да се потенцира значењето на научно-истражувачката дејност во Република Македонија, да се дијагностицираат актуелните проблеми, како и да се дискутира за идните развојни перспективи. По воведниот збор на модераторот, присутните на настанот ги поздрави градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески, кој посебно се осврна на потребата од соработка меѓу високообразовните институции и единиците на локалната самоуправа како потенцијални партнери во остварувањето на целите за побрз регионален развој. Деканот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, зборуваше за напредокот што Економскиот факултет-Прилеп го има направено во научно-истражувачката дејност, како и вниманието што се посветува на оваа активност преку центрите за перманентно професионално усовршување и научно-истражувачка работа. Доц. д-р Ненад Марковиќ во своето излагање го истакна значењето на невладиниот сектор во истражувачката дејност, додека, пак, проф. д-р Димитар Ефтимоски ја опфати меѓународната димензија во истражувачката активност и можностите за фаќање приклучок со светските трендови во сферата на науката. Проф. д-р Коста Сотироски се осврна на значењето на статистиката во научните истражувања, а на крај доц. д-р Сашо Ќосев и доц. д-р Димитар Николоски во својство на раководители на Центрите за научно-истражувачка работа на економските факултети во Скопје и Прилеп соодветно, ги елаборираа активностите на центрите и нивното значење како поттикнувачи на истражувачката работа во овие две високообразовни институции.
Хепенингот беше проследен од голем број печатени и електронски медиуми со што широко одекна сред македонската јавност. Бројните прашања што се отворија од страна на дискутантите укажаа на потребата од поширок диајлог меѓу потенцијалните партнери во оваа сфера за надминување на проблемите и поставување на науката во функција на општествено-економскиот развој. Преку успешната реализација на овој настан Економскиот факултет-Прилеп уште еднаш ја потврди својата улога како значаен чинител за развојот на научно-истражувачката дејност во Република Македонија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 21 Feb 2020 19:49 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 19:49 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3263 |
Actions (login required)
View Item |