Atanasoski, Sasho (2000) ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ВО ПРОЦЕСИТЕ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА НА СВЕТСКОТО СТОПАНСТВО. Меѓународен научен собир,Современите процеси на економскиот развој на земјите од југоисточна Европа. pp. 563-581.
Full text not available from this repository.Abstract
Предмет на истражување на овој труд беше вклучувањето на земјите од Југоисточна Европа во процесите на глобализација и регионализација на светското стопанство. Резултатите од ова истражување се презентирани во рамките на три дела и тоа:
1. Нужноста од вклучување на земјите од Југоисточна Европа во процесите на глобализација и регионализација на светското стопанство;
2. Основните карактеристики на процесите на глобализација и регионализација на светското стопанство;
3. Основните претпоставки за поефикасно вклучување на земјите од Југоисточна Европа во процесите на глобализација и регионализација на светското стопанство.
Крајно сублимирано од содржината на вака структуираниот труд може да се извлече следниов заклучок:
Имено, процесите на глобализација и регионализација на светското стопанство и светот воопшто се објективно условени од законитостите на општествениот развој, чијашто главна карактеристика и тенденција е с# поголемата и поразновидната меѓузависност во светот. Уште повеќе, токму процесите на глобализација и регионализација ќе бидат едни од најзначајните фактори што ќе ги определуваат идните светски односи и развој. Оттука, секоја држава мора овие процеси да ги сфати како нужни и да го бара најдобриот начин и пат за поефикасно вклучување во нив. Тоа се однесува и на земјите од Југоисточна Европа, коишто мораат да ја зголемат својата интегрална конкурентност низ процесот на побрзата и поефикасна примена на стандардите од земјите со развиена пазарна економија и парламентарна демократија. Остварувањето, пак, на оваа цел најдиректно е поврзано со концептот и динамиката на реализацијата на општествените реформи во овие земји. Имајќи го предвид фактот за тоа дека досегашните резултати во процесот на транзиција на овие земји во општества со развиена пазарна економија и парламентарна демократија се незадоволителни, се наметнува потребата од преиспитување на неолибералниот концепт на реформите и нивно забрзување . Но, исто така, се наметнува потребата и од нивна многу поголема меѓусебна соработка, пред с#, на економски план, но и на секаков друг план, каде што за тоа постои интерес. На тој начин, заедно со поголемото разбирање и реална поддршка на меѓународниот фактор за процесот на европеизација на балканскиот регион ќе се создадат претпоставки за поефикасно вклучување на земјите од Југоисточна Европа во процесите на глобализација и регионализација на светското стопанство.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 21 Feb 2020 10:41 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 10:41 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3200 |
Actions (login required)
View Item |