Atanasoski, Sasho and Basheska Gjorgjieska, Marika (2011) Стабилноста како услов за развојот на туризмот. Меѓународна научна конференција,Мултипликативните ефекти од развојот на туризмот,Зборник на трудови.
Full text not available from this repository.Abstract
Во трудот се презентирани размисли и анализи за значењето и влијанието на стабилноста врз развојот, а во тој контекст и врз развојот на туризмот. Притоа, во првиот дел на трудот, се укажува на значењето на стабилноста за развојот, а во тој контекст се елаборираат и размисли за релацијата и зависноста помеѓу стабилноста и развојот. Во вториот дел на трудот, конкретно се зборува за влијанието на нестабилноста врз развојот на туризмот, при што во трудот се презентирани поголем број на податоци преку коишто се настојува на научно аргументиран начин да се објасни негативното влијание на нестабилноста врз развојот на туризмот во Република Македонија и пошироко на просторите на поранешна Југославија.
Во контекст на сите овие анализи и согледувања, особено внимание е посветено на укажувањето и објаснувањето на комплексноста и сложеноста на стабилноста во современи услови на развој односно, на бројните економски и вонекономски и внатрешни и надворешни фактори коишто влијаат врз неа.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 21 Feb 2020 10:41 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 10:41 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3199 |
Actions (login required)
View Item |