Нобелова награда за eкономија

Nikoloski, Dimitar (2011) Нобелова награда за eкономија. Еквилибриум (4). pp. 15-16. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

За многумина Нобеловата награда претставува синоним за престиж во науката и едно од највисоките признанија за остварените научни достигнувања. Кога Алфред Нобел, само една година пред неговата смрт, во 1895 година, ја етаблирал оваа награда, таа опфаќала пет области: физика, хемија, медицина, литература и мир, а првите нобелови награди биле доделени во 1901 година. Во релативно поново време, односно во 1968 година, по повод прославата на 300-годишнината од своето постоење Шведската национална банка ја воведува Наградата за економија во чест на Алфред Нобел. Куриозитет е тоа што оваа награда не е официјална Нобелова награда, но сепак нејзиното објавување и доделување се прави паралелно со другите награди. За првпат, Нобеловата награда за економија била доделана во 1969 година на холандскиот економист, Јан Тинберген и неговиот норвешки колега, Рагнар Фриш за развојот на применети динамички модели во анализата на економските процеси. Оттогаш, па сé до денес оваа награда ја имаат добиено повеќе од седумдесет економисти.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:47
Last Modified: 21 Feb 2020 10:01
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3188

Actions (login required)

View Item View Item