Примената на иновативните едукациски методи – битен фактор во зголемувањето на квалитетот на наставно-научниот процес

Mojsovska Salamovska, Snezana (2011) Примената на иновативните едукациски методи – битен фактор во зголемувањето на квалитетот на наставно-научниот процес. Еквилибриум (4). pp. 13-14. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Во оваа статија е направен обид да се презентираат предностите од примената на иновативните едукациски методи во современиот наставно-научен процес, во однос на исклучивата примена на конвенционалните ex cathedra наставни методи на универзитетите. Една античка поговорка вели: „Студентот не е сад што треба да се наполни, туку факел што треба да се запали!“.
Уметноста на пренесување на знаењата врз студентите не е продукт на современиот свет. Уште од времето на Аристотел, па и пред него, најуспешни и воедно најреспектирани учители биле оние кои умееле да ги пренесат знаењата на студентите на начин на кој истите не само што никогаш нема да се заборават, туку, напротив, континуирано ќе се надградуваат, развиваат и мултиплиираат.
Едукациските методи преку коишто им се пренесуваат знаењата на студентите, во светски рамки, континуирано се ревидираат и прилагодуваат на барањата што ги поставува динамиката на современото информатичко општество. Целта е да се постигнат максимални ефекти како резултат на наставно-научниот процес, и тоа во поглед на квалитетот и квантитетот на стекнатите знаења и вештини, нивната применливост, како и развивањето на способностите кај студентите за критичко размислување и донесување одлуки во практиката.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:46
Last Modified: 21 Feb 2020 10:01
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3187

Actions (login required)

View Item View Item