Мислењето и јазикот есенцијални атрибути на научното спознавање

Pechijareski, Ljupcho (2011) Мислењето и јазикот есенцијални атрибути на научното спознавање. Еквилибриум (4). pp. 7-10. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Процесот на сознавање на стварноста, особено нејзиното научно спознание, во себе вклучува два, значајни, момента: искуственото констатирање на фактите и мислењето сфатено како облик на расудување, објаснување и изведување на заклучоци.
Искуственото констатирање на фактите е резултат на човековата способност за перцепција којашто му овозможува да ја регистрира – идентификува стварноста со помош на сетилата. Од друга страна, процесот на мислење, којшто претставува развојно, креативно и систематично, творечко, активно сфаќање на објективната стварност создава претпоставки човекот не само да ги подреди искуствено констатираните факти, туку и да изгради засебен свет на нивно логичко интерпретирање. Притоа, развојната компонента на мисловниот процес укажува на неговото постојано обогатување на содржините, но и на постојаното зголемување на неговите облици и модалитети. Креативноста се однесува на неговата творечка моќ да ја анализира и критикува актуелната пракса, да ги согледува домените на постојните теоретски достигнувања и, на тој начин, да ги антиципира новите процеси. Систематичноста, пак, на мислењето му овозможува да врши селекција на значајното од помалку значајното и првото да го подреди според определените логички законитости и правила, а со самото тоа да стреми кон определено вистиниото сознание.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:46
Last Modified: 21 Feb 2020 10:00
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3185

Actions (login required)

View Item View Item