Интерен повик за научноистражувачки проекти

Nikoloski, Dimitar (2011) Интерен повик за научноистражувачки проекти. Еквилибриум (4). p. 4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Работата во високото образование по својата природа е повеќедимензионално односно, покрај наставната ја опфаќа и научно-истражувачката компонента. Тоа беше потенцирано и во најновите измени и дополнувања на Законот за високо образование каде во критериумите за избор во наставно-научни звања, посебен акцент беше ставен врз бројот на публикувани научни трудови во списанија со импакт фактор и учество на меѓународни научни конференции.
Во таа насока, Деканската управа на Економски факултет-Прилеп во јуни оваа година донесе одлука за објавување на првиот интерен повик за истражувачки проекти во нашата институција. Целта на овој интерен повик е да се поттикне научно-истражувачката работа на наставничкиот и соработничкиот кадар на Факултетот што би требало да доведе до зголемен број публикувани трудови во домашни и меѓународни стручни списанија. Првиот интерен повик наиде на особено голем одзив од страна на наставниците и соработниците во Факултетот, што изразено низ бројки значи дека беа пријавени вкупно 17 предлог истражувачки проекти во чии проектни тимови учествуваат вкупно 30 наставници и соработници.
Согласно утврдената динамика, предложените проектни истражувања траба да се спроведат во период 6 месеци во текот на зимскиот семестар 2011/12 година. При тоа, Економскиот факултет-Прилеп е подготвен логистички да ја помогне реализацијата на истражувањата, односно да ги покрие материјалните трошоци што би произлегле во текот на нивната реализацаија. Секое истражување на крај би требало да резултира со публикување научен труд во стручно списание со импакт фактор или со учество на меѓународна научна конференција.
Во контекст на првиот интерен повик, на 3. септември оваа година во хотелот „Монтана Палас“, Крушево беше организирана работилница на која беа презентирани и дискутирани предлог истражувачките проекти. Оваа работилница ги даде очекуваните резултати, односно секој проектен тим го презентираше своето предлог истражување и доби корисни сугестии во насока на идни подобрувања. Истовремено, беше констатирано дека при изработката на предлог истражувањата, акцентот бил ставен врз оригиналноста, актуелноста и релевантноста на истражуваните проблеми. Се надеваме дека ваквите настани ќе станат вообичаена пракса во работењето на Факултетот и на тој начин Економскиот факултет-Прилеп ќе продолжи активно да придонесува за развој на економската наука во Република Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:46
Last Modified: 21 Feb 2020 10:00
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3183

Actions (login required)

View Item View Item