Angeleski, Marjan (2011) Воведен збор. Еквилибриум (4). p. 3. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Со овој, четврт по ред број се заокружува една година од постоењето на гласилото „Еквилибриум“. Полека, но, сигурно ова гласило почна да се наметнува со своите информативни и едукативни содржини како кај студентите од Економскиот факултет – Прилеп така и кај пошироката јавност. И овојпат, како и во претходните броеви понудени се интересни текстови кои се надеваме ќе го задржат вашето внимание и ќе ве збогатат со корисни информции.
На прагот сме на уште една академска година. И оваа година вратите се широко отворени за новите студенти - бруцоши на кои од името на сите вработени на Економскиот факултет – Прилеп сакам да им посакам срдечно добредојде и успех во студирањето. Се надевам дека предизвикот да студираат на Економскиот факултет - Прилеп во целост ќе ги исполни нивните очекувања а студентскиот живот ќе го паметат по пријатни моменти. Сигурен сум дека и новите студенти максимално ќе ја искористат можноста за откривање на тајните на економската наука и стекнување знаења од областите на меѓународната економија и бизнисот, маркетингот, менаџментот, сметководството, финансиите и ревизијата, бизнис администрацијата, бизнис информатиката, финансискиот менаџмент и електронскиот бизнис.
Почетокот на новата академска година се совпаѓа со подготовките за упис на нови студенти на вториот циклус - последипломски студии. Имено, покрај на првиот циклус, додипломски студии, Економскиот факултет - Прилеп нуди широка палета студии и на вториот циклус односно последипломски студии на коишто студентите можат да ги продлабочат своите знаења и да се стекнат со звањето магистер на науки. Конкурсот за запишување на втор циклус на студии е веќе објавен и сите заинтересирани можат подетални информации да најдат на web страната на факултетот.
И овој број, покрај веќе воспоставените рубрики, нуди голем број интересни содржини и информации од кои би ги издвоил интерниот повик за научно-истражувачки проекти што е во реализација на Центарот за научно-истражувачка работа на Економскиот факултет – Прилеп, информациите за заедничката МБА студиска програма на Економскиот факултет - Прилеп со Френклин универзитетот од САД чиишто уписи се во тек, текстовите од студентите, членови на асоцијацијата AIESEC кои во овој број пишуваат за „една поинаква приказна“ и кои станаа неизбежна рубрика на гласилото „Еквилибриум“, и многу други корисни содржини. Во овој контекст би закал да го потенцирам и календарот на активности за зимскиот семестар во академската 2011/2012 год. со којшто е заокружен овој број.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 20 Feb 2020 19:46 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 09:59 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3182 |
Actions (login required)
View Item |