Научните закони: висечки мостови над амбисот на бесконечноста

Pechijareski, Ljupcho (2011) Научните закони: висечки мостови над амбисот на бесконечноста. Еквилибриум (3). pp. 15-18. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Практичниот живот на луѓето е составен од бројни настани коишто, во голема мера, се случајни. Сепак, ако повнимателно ги анализираме случајностите од коишто, на прв поглед, е составен нашиот живот ќе забележиме дека тие, на некој начин, имаат логичка поврзаност, односно се темелат врз определени правилности. Некои од тие правилности потешко се забележуваат, додека други се попрепознатливи, затоа што процесите и фактите поконтируинирано се повторуваат. Овој вид повторливост овозможува откривање (објаснување) на поврзаноста меѓу појавите, процесите и фактите во нивната бескрајна менливост. Станува збор за моќна спознајна алатка, именувана како научен закон, со помош на којашто човекот се обидува да го открие редот и заемните релации меѓу појавите. Притоа, откривањето на релациите е многу поефикасно при спознавањето на природните, отколу на општествените појави и процеси. Имено, кога е во прашање спознавањето во општествените науки, тогаш може да се каже дека не станува збор за откривање на некоја строга законитост, каква што ја имаме во природните науки туку, пред сé, за емпириски генерализации што настануваат со повеќекратно потврдување на определени хипотези што се верификувани преку проверка на емпириски факти во општествената стварност, но истовремено се во корелација со определени општоприфатени теоретски концепти. Евидентно, научниот закон е нешто повеќе од емпириска генерализација. Покрај другото, тој се изведува со помош на теорија (или од неа), односно во себе вклучува и определена теорија во којашто наоѓа свое логично и когнитивно потврдување. Имено, законот ги поврзува и објаснува фактите, а теоријата ги поврзува и објаснува законите. Од тој аспект, тие потенцијално се содржани во теоријата. Но, секако, ова не значи дека вистинитоста на законитостите во општествените науки се докажува само со тоа што тие логички следат од теоријата, туку пред сè, преку нивна емпириска проверка низ определени факти што постојат во социјалната реалност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:57
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3179

Actions (login required)

View Item View Item