Денови на образование и кариера

Lazaroski, Spiro (2011) Денови на образование и кариера. Еквилибриум (3). pp. 8-9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Економкиот факултет-Прилеп успешно се претстави на 14. Mеѓународен саем за образование и кариера, што се одржа од 12 до 15 април оваа година. Саемот беше финансиран од страна на универзитетите во Република Македонија, Министерството за образование на Република Македонија и владата на Република Словачка, претставена преку својот амбасадор. Деновите на образование и кариера ги отвори ја министерот за образование на Република Македонија, г-дин Никола Тодоров и амбасадорот на Република Словачка во Македонија, г-дин Robert Kirnag. Во своите обраќања тие се фокусираа врз развојните перспективи и реализацијата на образовните потенцијали во Република Македонија, како и врз потенцијалите, можностите и перспективите за студирање во Словачка.
Економскиот факултет-Прилеп ги реализираше сопствените промотивни активности во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, преку претставување на активностите што се одвиваат на Факултетот. За време на саемските денови претставниците на Економскиот факултет-Прилеп на посетителите им ја презентираа програмата, мисијата и визијата на Факултетот, како и позитивните промени што се реализираат во контекст на осовременување на студиските програми и условите за студирање.
Посетителите, пред сé, беа запознати со новите како и постојните студиски програми на коишто можат да се реализираат студиите, потоа просторните, кадровските и техничките капацитети на Факултетот, квотите за студирање на додипломските и последипломските студии, како и идните можности за вработување и надоградување на сопствените знаења. Во рамките на промотивните активности беа делени флаери и рекламен материјал што, се надеваме, дополнително ќе ја зголеми информираноста и заинтересираноста за студирање на оваа квалитетна високообразовна институција во областа на економијата.
Ова издание на Меѓународниот саем за образование и кариера, покрај информативната и промотивна функција, беше добра можност за дружење меѓу наставничкиот и соработничкиот кадар, како во рамките на Универзитетот, така и со оние од останатите факултети и универзитети во земјата. Квалитетот на саемот беше дополнет со присуство на видни личности од политичкиот, културниот и забавниот живот на Република Македонија. Преку богатиот промотивен материјал за нашиот Факултет, голем број заинтересирани матуранти-идни студенти беа запознати со можностите за студирање на нашата респектабилна високообразовна институција, што воедно претставува condition sine qua non за успешна кариера.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:56
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3175

Actions (login required)

View Item View Item