Rocheska, Slavica (2011) Воведен збор. Еквилибриум (3). p. 3. ISSN 2671-3349
Full text not available from this repository.Abstract
Денес, знаењето, науката и образованието се наметнаа како клучни фактори што ја обликуваат современата развојна архитектура и ги детерминираат насоките на промени во глобалната средина. Да се истражуваат, откриваат, освојуваат и осознаваат новите простори во бескрајот на можности е основниот предизвик на академската заедница – тоа е наш заеднички предизвик, наша професионална, социјална, научна и културна мисија.
„Еквилибриум“ започна со ентузијазам и определба да ги следи, толкува и објаснува различните аспекти на економската теорија и пракса, но и да ги сподели, пренесе и размени мислењата и информациите за наставата, активностите и животот на Економскиот факултет-Прилеп. Значи, тој започна со стремеж да пулсира во духот на новото време, да ги збогатува знаењата, да ги негува и развива хуманистичките вредности.
Дваесет и првиот век е век на знаење, односно на масовен и брз протек на информации и отворање нови виртуелни димензии во развојот на општественото милје. Забрзаната динамика на развојните процеси, како резултат на сé помасовната примена на информациските технологии и технолошкиот напредок во целина, значајно влијаат врз унапредувањето на бизнисите, начинот на живот и општествената благосостојба. Во „општеството засновано на знаење“ образованието и учењето се основни постулати на успехот. Факултетот отсекогаш имал сензибилитет за промените во окружувањето и истите многу успешно ги интегрира во студиските програми за да одговори на актуелните потреби и барања за развој на економијата и бизнисот. Во овој контекст е и воведувањето нова студиска програма од областа на е-бизнисот којашто нуди многу иновациски, современи и апликативни знаења неопходни за градење успешна професионална кариера во ерата на дигиталната економија. „Еквилибриум“ ве запознава со студиската програма и нејзините едукативни содржини, наменети да ги оспособат идните студентите со вештини и знаења за ефикасна имплементација на информациско-комуникациските технологии во реализацијата на бизнисите во современи услови. Воведувањето на оваа студиска програма овозможува адаптација на професионалната ориентација на студентите и креирање такви профили кадри кои ќе бидат коресподентни со потребите и барањата на новата економија.
Во тек се подготовките за уписот во наредната академска година. Во овој број, исто така, се дадени релевантни информации поврзани со постојните студиски програми и перспективите што секоја студиска програма ги нуди во доменот на професионалното профилирање на студентите од новата генерација академски граѓани. Во тој контекст, силно нагласениот компетитивниот амбиент, втемелен врз неолибералниот концепт на економскиот развој ги поставува студентите пред императивот да се биде најдобар, врвен, креативен, автентичен, иновативен... Економскиот факултет-Прилеп има амбиција, стратегија, потенцијал и визија да ги подготви идните генерации за ефикасно соочување со новите компетитивни предизвици.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 20 Feb 2020 18:56 |
Last Modified: | 21 Feb 2020 09:54 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3171 |
Actions (login required)
View Item |