Преглед на Македонската берза

Risteska, Aneta (2011) Преглед на Македонската берза. Еквилибриум (2). pp. 21-22. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Пазарот на капитал претставува клучен сегмент од финансискиот пазар, што придонесува за заживување на економските активности во една националната економија и го олеснува процесот на финансирање на деловните субјекти. Доколку се согледа состојбата во Република Македонија, може да се каже дека овој пазар сè уште недоволно е развиен. За разлика од пазарите на капитал во развиените земји и останатите земји во транзиција, почетоците на креирање пазар на капитал во Република Македонија започнуваат многу подоцна, односно во деведесеттите години на 20. век. Во насока на креирање институционална основа за развој на пазарот на капитал, на 13.09.1995 година, беше формирана Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, но за првпат берзанското ѕвоно, што го означува почетокот на трансакциите, се слушна во 1996 година. Во моментот на основањето берзата ја сочинуваа 19 членки, и тоа: 13 банки, 3 осигурителни друштва и 3 штедилници.
Тргувањето на берзата се врши на официјален и неофицијален пазар, и тоа пет денови во текот на неделата (од понеделник до петок), а најголем дел од остварениот промет се должи на реализираните трансакции со акции, што воедно се и доминантните хартии од вредност, додека тргувањето со обврзници е незначително. Од друга страна, финансиските деривати сосема се непознати во работењето на берзата. Благодарение на БЕСТ системот, тргувањето целосно е автоматизирано и системот може да се окарактеризира како “пазар придвижуван од налози”. Тргувањето се одвива без извикувања и на “растојание”, бидејќи сите брокери се поврзани преку електронски пат.
Македонскиот берзански индекс (МБИ10) за првпат е воведен на 04.01.2005 година и со неговата пондерација, преку пазарната капитализација, се овозможува пореално прикажување на движењата на цените на берзата. Освен тоа, постојат и ценовен непондериран индекс на јавно поседувани друштва (МБИД), што се пресметува од 2007 година со базна вредност од 10 000 индекси поени и индексот на обврзници (ОМБ), што се пресметува од 2006 година и има почетна вредност од 100 индекси поени.
Светската економска рецесија, меѓу другото, имплицираше негативни последици врз економскиот развој во нашата земја, а овие настани се рефлектираа и врз нормалното функционирање на Македонската берзата на долгорочни хартии од вредост. За тоа сведочат и податоците што се дадени во прилог, а се преземени од официјалната интернет страница на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:48
Last Modified: 04 Mar 2020 11:28
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3170

Actions (login required)

View Item View Item