Истакнати стручњаци од практиката во наставата на Факултетот

Angeleski, Marjan (2011) Истакнати стручњаци од практиката во наставата на Факултетот. Еквилибриум (2). p. 6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Економскиот факултет-Прилеп во изминативе неколку месеци воспостави практика за реализирање предавања на современи, атрактивни и апликативни теми, реализирани од истакнати стручњаци од практиката. Овие предавања претставуваат главна алка во поврзувањето на теоријата со праксата, надополнувајќи ги теоретски стекнатите знаења на студентите со практични содржини. На овој начин, студентите изворно се запознаваат со практичните аспекти на бизнисите и менаџментот со што се олеснува нивното подоцнежно вклучување во реалниот професионален живот.
Од октомври 2010, па сé до денес вакви предавања имаат реализирано следниве истакнати стручњаци од практиката:
- Ристо Гоговски на тема: „Како до првиот милион евра“;
- Горан Стојановиќ на тема: „PR активностите и мерење на нивните ефекти“;
- Софче Јовановска на тема: „Од стратегија до реалност – управување со бизнис процесите“;
- Марјан Костадиноски на тема: „Берзанско работење и on-line тргување со деривати“;
- Дарко Перушески на тема: „Основни параметри за ефикасно искористување на средствата за ТВ реклама“;
- Рената Петревска Нечовска на тема: „Теорија на игри без граници“;
- Сашко Миленкоски на тема: „Корпоративната култура како основа за градење препознатлив бренд“;
- Илијанчо Гаговски на тема: „Технологиите како катализатори на иднината“;
- Бошко Богданоски на тема: „Впаричување на стечајната маса и намирување на доверителите“;
Ваквата практика на Економскиот факултет-Прилеп ќе продолжи и натаму преку вклучување во наставата и на други стручњаци од праксата со што на студентите ќе им бидат понудени интересни и применливи содржини.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:49
Last Modified: 21 Feb 2020 09:48
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3163

Actions (login required)

View Item View Item