Кон нови високообразовни хоризонти

Rocheska, Slavica (2010) Кон нови високообразовни хоризонти. Еквилибриум (1). pp. 10-11. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Развојниот пат на Економскиот факултет Прилеп традиционално е обележан со концептот на отвореност кон нови идеи, содржини и форми на соработка што кореспондираат со парадигмата на неговото опстојување и успешно функционирање. Да се биде дел од светската заедница и активно да се партиципира во процеите на креирање, трансфер и споделување на знаењата е предизвик што го наметува новото време. Факултетот ги антиципира новите трендови во високото образование и брзо и ефикасно се прилагодува на променетите услови во окружувањето.
Имплементацијата на Болоњскиот концепт, како една од основните претпоставки за успехот на реформата, ја поставува интернационализацијата на соработката во сферата на високото образование. Зголемената важност на интернационализацијата врз институционалното профилирање е втемелена на можноста за воспоставување стратегиски партнерства и договори за соработка во наставата, истражувањето и градење капацитети во согласност со воспоставените развојни приоритети на Факултетот.
Меѓународната мобилност претствува клучен фактор за реализација на глобалната димензија на Болоњскиот процес. Студентите и академскиот кадар на Економскиот факултет Прилеп имаат можност да ги реализираат мобилностите во рамките на повеќе европски програми или голем број билатерални програми што ги нудат земјите со коишто Р. Македонија остварува соработка во образовната сфера. Програмите, Erazmus mundus, Tempus и многу други, отвораат еден нов прозорец за мобилноста на студентите и професорите на универзитетите во ЕУ каде што ги стекнуваат или надоградуваат своите знаења.
Меѓутоа, мобилноста не е единствениот белег на интернационализацијата. Напротив, таа инкорпорира еден интегриран пристап што ги опфаќа и активностите во доменот на наставата и истражувањата. Афирмацијата на меѓународната димензија и имплементацијата на светските образовни стандарди се остварува и преку реализација на редовни и промотивни предавања од страна на визитинг професори од странски универзитети и факултети.
Достигнувањата во истражувачката област и научениот потенцијал со којшто располага Факултет, исто така, наоѓаат сé поголема потврда во меѓународни рамки. Учествата на меѓународни научни собири претставуваат редовна и вообичаена активност на академскиот кадар на Факултетот. Но, истовремено, овде спаѓа и традиционалното организирање меѓународни научни собири од страна на Факултетот. Подеднакво респектабилно е учеството во бројни истражувачки проекти, реализирани со партнерски институции од земјата и странство, со што Факулетот потврдува дека располага со истражувачки потенцијал којшто, врз рамноправна основа, со своите креативни капацитети, во целост се вклопува во светските високобразовни стандарди.
Многу значајна карактеристика на различните форми на меѓународна соработка е воспоставувањето кохезија и блиски односи со високообразовните институции со коишто Факултетот има склучено договори за соработка. Овие блиски односи и соработка се основа за постигнување меѓународна компатибилност и унапредување на квалитетот во високообразовниот процес.
Генерално, Факултетот го прифати холистичкиот приод, што подразбира интегрирање на активностите и вклучување на меѓународната димензија во сите институционални активности за постигнување дистинктивна компетитивна препознатливост и предност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:18
Last Modified: 21 Feb 2020 09:45
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3157

Actions (login required)

View Item View Item