Соработка со средните училишта во Република Македонија

Angeleski, Marjan (2010) Соработка со средните училишта во Република Македонија. Еквилибриум (1). p. 9. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Имајќи ја предвид потребата од динамизирање на соработка меѓу Економскиот факултет – Прилеп и средните училишта во Република Македонија, а во функција на дефинирање натамошни насоки за соработка, на иницијатива од Деканот на Економскиот факултет – Прилеп, на 15.11.2010 год. беше реализирана средба меѓу потесното раководство на деканатската управа на Економскиот факултет – Прилеп и директорите на средните училишта од пелагонискиот регион, т.е. од Битола, Прилеп и Крушево. На средбата се разви плодна дискусија околу размената на знаење, искуства и заеднички активности во едукативната област и беа дефинирани определени насоки за продлабочување на соработката меѓу Економскиот факултет, од една страна, и средните општински училишта, од друга страна. Исто така беше иницирана идејата за склучување меморандум за соработка, што би вклучувал дефинирање на формите на соработка меѓе двете страни, а во смисла на размена на наставен кадар и ученици, односно студенти заради пренесување на знаења и искуства; соработка при реализацијата на заеднички истражувања и проекти во соодветни научни и едукативни области; размена на мислења и консултации за наставните содржини, методите на наставата, практичната реализација на наставата и тн.; размена на информации за промените во едукативните процеси и промените што настануваат во функционирањето на институциите; овозможување на наставничкиот кадар на средните училишта непречен пристап до книжниот фонд и другите библиотечни ресурси од Факултетот и сл.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:18
Last Modified: 21 Feb 2020 09:44
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3155

Actions (login required)

View Item View Item