Монографија на Економски факултет-Прилеп по повод 50-годишнината од неговото постоење

Nikoloski, Dimitar (2010) Монографија на Економски факултет-Прилеп по повод 50-годишнината од неговото постоење. Еквилибриум (1). pp. 6-7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

Јубелејната 50. година од своето постоење Економскиот факултет-Прилеп, меѓу другото, ја одбележа и со издавање пригодна монографија. Ова издание, коешто со сите свои атрибути може да се нарече луксузно, беше отпечатено во тврд повез, и тоа двојазично, на македонски и англиски јазик. Монографијата изобилува со фотографии и интересни дизајнерски решенија, што дополнително придонесуваат за нејзиниот висок квалитет.
На 342 страници од монографијата се презентирани голем број сегменти од тековното работење на Факултетот, како и неговиот историски развој. По воведниот текст на деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, претставен е развојниот процес на факултетот од неговите зачетоци, па сé до денес. Натаму, е објаснета организациската структура на Факултетот, вклучувајќи ги органите на управување и постојните катедри.
Особено внимание во монографијата е посветено на објаснувањето на академските универзитетски студии од првиот и вториот циклус. Покрај тоа, монографијата третира и бројни други содржини како што се: имплементацијата на кредит трансфер системот, мобилноста на студентите, научноистражувачката дејност, меѓународната соработка, соработката со стопанството, издавачката дејност и тн. На крајот, пак се претставени библиотеката и нејзиниот придонес, административната логистика, просторните и техничките капацитети и студентскиот парламент.
Покрај ова, во монографијата се приложени и бројни прилози како што се биографии на наставниците и соработниците, претходно вработениот академски кадар, дополнително ангажираниот академски кадар, вработените во административно-техничкиот сегмент, листа на доктори на науки, магистри и дипломирани студенти на Економскиот факултет-Прилеп.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 13:52
Last Modified: 21 Feb 2020 07:40
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3150

Actions (login required)

View Item View Item