ПАТЕНТОТ КАКО ФАКТОР ВО ДЕЛОВНОТО ОДЛУЧУВАЊЕ И СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ PATENTS AS A FACTOR IN BUSINESS DECISION MAKING AND THE ACCOUNTING VALUE OF THE BUSINESS ENTITY

Andonovski, Miroslav and Markusoski, Ljupce and Zdravkoski, Igor (2016) ПАТЕНТОТ КАКО ФАКТОР ВО ДЕЛОВНОТО ОДЛУЧУВАЊЕ И СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ PATENTS AS A FACTOR IN BUSINESS DECISION MAKING AND THE ACCOUNTING VALUE OF THE BUSINESS ENTITY. In: Second International Scientific Business Conference LIMEN 2016, December, 15, 2016., Belgrade, Serbia.

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of Binder2.pdf]
Preview
Text
Binder2.pdf

Download (342kB) | Preview

Abstract

Денес човечкиот живот не може да се замисли без секојдневните креации
кои се резултат на инвентивноста на поединци и претставуваат дел од секојдневието.
Секојдневно сме сведоци на појавата на нови откритија што на разни начини го прават
човечкиот живот да биде полесен и поедноставно да се справуваме со проблемите. За
ваквата напредна состојба значаен придонес имаат патентите како едно од правата
на индустриската сопственост. Нормативното уредување на правата од индустриска
сопственост овозможува заштита на пронајдоците коишто ги исполнуваат условите
(новост, инвентивен придонес и индустриска применливост) предвидени со законот.
Пронаоѓачите се свесни дека благодарение на нивниот пронајдок што ги исполнува
условите за заштита ќе имаат и економска корист од истото па затоа кај нив и
желбата за уште поголема иновативност. Со самиот чин на правна заштита како
патент, пронајдокот добива своевидна потврда дека претставува определен придонес
во состојбата на техниката, а со тоа и своја економска валоризација, односно,
економска вредност. Ова последното води кон тоа патентот да биде значаен фактор
при донесувањето на деловните одлуки и утврдувањето на сметкодствената вредност
во претпријатието. Имајќи го во предвид претходното, за претприемачите од
круцијално значење е да знаат, што од техничките унапредувања во процесот на
работење може и треба да се заштити како патент, бидејќи не се и секогаш се смета
за пронајдок и може да биде заштитено согласно позитивните прописи.232 Смислата
на патентната заштита е во тоа да се спречи конкурентското окружување
неовластено да го користи пронајдокот бидејќи на таков начин се губи предноста на
пазарот што ја има носителот на патентот и се оневозможува реализацијата на
стратегијата за успешно позиционирање на пазарот. Повредата на правата што
произлегуваат од патентот се карактеризираат како забранети дејствија што во
однос на патентот не можат да бидат преземени без одобрение од носителот на тоа
право.
Клучни зборови: заштита, инвентивност, патент, пронајдок, пронаоѓач.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 18 Feb 2020 10:58
Last Modified: 18 Feb 2020 10:58
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3048

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item