Markoski, Zarko and Janeska, Margarita (2018) Влијанието на внатрешните и надворешните фактори врз подготвеноста на компаниите во р. македонија за имплементација на е-маркетингот. In: Петта меѓународна конференција „Современи менаџерски предизвици и организациските науки“-Бас институт за менаџмент, 9-10, Bitola, Macedonia.
Full text not available from this repository.Abstract
Е-маркетингот, денес, претставува препознатлив нов начин на работење во многу компании кои во фокусот на своето работење ги ставаат потребите на нивните корисници. Секоја компанија без разлика на нејзината големина и бизнис оријентација, треба да се насочи кон тоа, во својата маркетинг стратегија да го имплементира е-маркетингот. Подготвеноста на компаниите за е- маркетинг подразбира промена на работењето на самата компанија, во насока на формирање на стратегија за настап на интернет, односно, имплементација на е-маркетингот во маркетинг стратегијата на компанијата. Всушност, подготвеноста подразбира на кое ниво се користат е-маркетинг алатките, дали компанијата ги користи за рекламирање, комуникација со потрошувачите, информирање на потрошувачите, за купување на производите или за управување на односите со купувачите.
Предмет на истражување во овој научен труд е утврдување на влијанието на внатрешните и надворешните фактори врз подготвеноста на компаниите за имплементацијата на е-маркетингот. Компаниите за да останат успешни на пазарот, потребно е добро да ги познаваат внатрешните и надворешните фактори, кои на одреден начин меѓу себе комуницираат.
За реализација на овој научен труд се применува дескриптивно истражување, еднократно на територијата на Република Македонија со метод на примерок. Во рамките на истражувањето се користат податоци за аритметичката средина и стандардната девијација како параметри за анализа на ликертовата скала, равенката на повеќекратна линеарна регресија, пресметка на коефициентот на повеќекратна корелација и коефициентот на дерерминација. Врз основа на анализата на податоците донесени се одредени заклучоци и препораки, кои можат во иднина да ги искористат компаниите
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 07 Feb 2020 19:07 |
Last Modified: | 07 Feb 2020 19:07 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2605 |
Actions (login required)
View Item |