Miceski, Trajko and Nikoloski, Krume and Pasovska, Silvana (2013) Оперативен менаџмент и финансиска поткрепеност на операциите. „Ацетони" Прилеп. ISBN 978-9989-2797-8-2
Full text not available from this repository.Abstract
Менаџментот е универзална активност, која се дефинира на различни начини. Во американската терминологија менаџмент се диференцира: 1.Управување (administration), кое се состои во одредување на целите и формулирање на политиката за остварување на тие цели во едно претпријатие: 2. Раководење (managment), чија задача е спроведување на политиката заради остварување на зададените цели; 3. Организација, како организационен систем, чии цели се во прашање и чија конституција ги одредува рамките и методите на спроведување на мерата на менаџментот. Функцијата, менаџмент, се јавува во претпријатијата на сите облици и цели-стопански и нестопански. Во стопанските претпријатија менаџментот е насочен на координирање на акциите во сите фази на процесот на репродукција. Во нестопанските претпријатија (културни, просветни, социјални, здравствени и тн), тоа е координирање на акцијата во остварување на нивните специфични цели. Од видот на претпријатието и нивните специфични цели зависат специфичните облици и специфичните методи на менаџментот. Тука постои еден траен процес на деференцирање и специјализирање на облиците и методите на менаџментот што постојано го усложнува процесот на управување, посебно проблемот на координирање во тоа управување.)1 Мошне популарно е мислењето според кое менаџментот се опфаќа како процес, серија на чекори или насочување на акциите во правец на остварување на дефинираната цел. Па така менаџментот е збир на акции водени кон некоја општа цел. Исто така се сретнува мислење дека менаџментот има организациона улога, поставување на обврски, одговорности и односи во претпријатијата, вклучувајќи ги активностите на расудување и одлучување за плановите, употреба на податоци за контрола на извршувањето и унапредувањето на работењето, како и водење, поврзување, мотивирање и контрола на кадрите во претпријатието и спроведување на активностите. Менаџментот претставува функција чија цел е на ефикасен начин да обезбеди, распоред и ги искористи човечките напори и физичките ресурси и како би се постигнала некоја цел. Менаџментот како активност постои во сите организации, и профитни и непрофитни, и е неопходен секаде каде луѓето сакаат да соработуваат со цел да обавуваат некоја задача. Менаџери се оние луѓе кои обавуваат активности од менаџментот.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Scientific Tobacco Institute |
Depositing User: | Ms Biljana Jordanoska |
Date Deposited: | 06 Oct 2016 14:08 |
Last Modified: | 06 Oct 2016 14:08 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/255 |
Actions (login required)
View Item |