Развивање на семеен бизнис (со осврт на тутунопроизводството)

Miceski, Trajko and Pasovska, Silvana (2014) Развивање на семеен бизнис (со осврт на тутунопроизводството). „Ацетони" Прилеп. ISBN 978-608-4746-00-3

Full text not available from this repository.

Abstract

Современиот начин на стопанисување во тутунопроизводството, особено преку развивање на современ фамилијарен бизнис, со основна дејност на производство на тутун, посакува развиен менаџмент со целокупните активности и соодветна мотивација на ангажираните членови. На таков начин се постигнува поголема ефикасност во работењето, намалување на трошоците на производството, зголемување на продуктивноста и подобра можност за обезбедување со потребните ресурси. Тутунот има посебно место како во земјоделската дејност. Како земјоделска култура тутунот активира околу 10 % од нашето население, односно над 200.000 луѓе. Како производствена индустриска гранка опфаќа околу 4.500 редовно вработени. Ретроспективно производството на тутун, во светот и во Македонија, со извесни осцилации, расти. Во тој раст се забележува дека растот на производството на тутун во Република Македонија, во однос на светското ниво заостанува. Заостанувањето се забележува особено во приносот по единица површина. Ова пред се, се должи на несоодветниот организационен пристап кон производството на тутун и слабиот менаџмент со операциите. Истражувањата покажаа дека во индивидуалното производство на тутун, особени при организирано производство, во вид на мини фарми или друг облик на организираност, е потребен развиен менаџмент, со посебен акцент на мотивираноста на ангажираните членови во производството, се со цел подигнување и унапредување на квалитетот на целокупниот производствен процес. Исто така, во тој поглед, заради сигурноста во фамилијарниот бизнис, е потребно и пројавување на претприемачки активности од страна на сопственикот-фармерот.

Item Type: Book
Uncontrolled Keywords: менаџмент, претприемништво, ефект, профит, тутунопроизводство, организациони субјекти, фамилијарен бизнис, мало претпријатие
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Ms Biljana Jordanoska
Date Deposited: 06 Oct 2016 14:08
Last Modified: 06 Oct 2016 14:08
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/253

Actions (login required)

View Item View Item